ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери: Неопходна е засилена економска дипломатија и поддршка од меѓународните пријатели

May 31, 2022 12:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние сме мала земја, со ограничени ресурси и мора да се води сметка за балансот меѓу задолжувањето и растот на економијата, порача денеска претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на Скопскиот економско финансиски форум (СЕФФ).

Според него, нашата активност во надворешната политика и искористувањето на можностите од регионалната соработка и евроатлантските перспективи, е добра основа за очекување поддршка од нашите меѓународни пријатели.

Џафери оцени дека неопходноста од постигнување рамнотежа меѓу енергетската сигурност и храна за граѓаните, може полесно да се преброди само со поддршка од европските инстутиици банки.  Економската дипломатија, пак, може да направи многу за зајакнување на регионалната соработка и европските перспективи.

-Ситуацијата може да се преброди со поддршка од нашите меѓународни пријатели, од европските инстутиции и банки, а тоа што нивни претставници се дел од форумот, е охрабрувачки сигнал. Во наша моќ е олеснувањето на условите за водење бизнис и за привлекување инвестиции, но, активноста на надворешната политика, како и искористувањето на меѓународната и регионалната соработка е добра основа за очекување поддршка од нашите меѓународни пријатели, истакна Џафери.

Според Џафери, земјава мора да инвестира во квалитетен човечки капитал преку квалитетно здравство и образование. Младите, истакна, треба да се вклучат  во креирањето на локалните политки за животна средина, а од витален интерес е и регионалното инфарструктурно поврзување кое ќе ја поттикне трговијата и енергетската сигурност.

-Неоходна е поддршка на иновации и нови технолгоии, градење силни, независни инстиутции, владеење на правото , борба против корупцијата и организираниот криминал, подвлече Џафери.

Во врска со руско-украинскиот конфликт, спикерот истакна дека за жал, не се гледа брзо решение, а секое такво пролонгирање значи дополнително усложнување на ситуацијата што влијае врз бизнисот, инвестирањето, работната сила, одливот на мозоци и платежната моќ наспроти зголемувањето на цените.

-Како одговорни за одржливиот раст, развој и напредок на државата, мора да дадеме максимален придонес за надминување на тешкотиите предизвикани од овој нов глобален предизвик – војната во Украина, рече Џафери.

Почесен гостин кој го отвори вториот ден од конференцијата, беше претедателот Стево Пендаровски. Тој укажа на потребата од градење модел на економски раст отпорен на кризи.

 

-Во периоди на нарушување на нормалноста, отпорноста зависи од нашата адаптибилност и одлучност. Нашиот одговор треба да соодветствува со домашните специфики. Ако сакаме одржлив напредок, прв приоритет е да го преобмислиме моделот за економски развој, доколку нашата амбиција, секако, не е само да опстанеме, туку и да напредуваме. Можеби краткорочно некои од овие политики ќе бидат болни, но долгорочно тие се неопходни и корисни, рече Пендаровски.

На СЕФФ денеска ќе се дебатира на темите „Енергија и зелена транзиција“, „Инфраструктура, поврзаност и трговија“, „Финансиски иновации и инвестиции во услови на неизвесност“, „Нови предизвици за добро владеење“ и „Човечкиот капитрал во 21 век“.

Next Post

Советите на нобеловецот Кругман се имплементираат - половина милијарда евра инвестиции во инфраструктура за повеќе СДИ

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk