Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на КОВИД-19, 48 пациенти се оздравени, а нема ниту еден пријавен смртен случај.
Како што информираат од Министерството за здравство од вкупниот број новозаразени 60 се во Скопје, седум во Битола, Охрид – четири, Неготино – три, Тетово, Кавадарци и Кочани – по два, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Делчево – по еден.
Од оздравените 34 се од Скопје, Битола – девет, Ресен – два, Охрид, Куманово и Прилеп – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.334 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-9, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–62, Жан Митрев (Филип Втори)-30, Авицена-39, Биотек-71, Систина-32, лабораторија Лаор-24, Синлаб-16, Ремедика – 15, Плодност-12, Генеа-8, Никоб Лаб-61, ВФВ Медикал-15, Ели МедикаПлус-16, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 596.
Досега во земјата се направени вкупно 2.054.677 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572.