ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Вложуваме во квалитетно предучилишно воспитание, тоа е клучно за правилниот раст и развој на децата

June 1, 2022 16:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска на Меѓународниот ден на децата присуствуваше на завршната приредба подготвена од страна на мини матурантите од ЈОУДГ „Фидани“ во Општина Чаир.

Околу 240 дечиња од Јавната установа „Фидани“ кои доаѓаат од 5 објекти, информираат од МТСП, го заокружуваат предучилишниот процес и веќе од септември ќе седнат во училишните клупи.

– Завршувањето на деновите поминати во детската градинка и подготовката за влезот во училиштето е голем чекор напред за овие млади индивидуи, кои продолжуваат да се искачуваат по скалилата кои живот значат. А токму градинката е местото каде што тие се стекнаа со знаења за светот кој ги опкружува. За почитувањето на различностите, за културата и обичаите, за животниот и растителен свет, за заштитата на животната средина. Низ игра учеа за значењето на другарството, за хуманоста и за тоа дека секој еден е важен, а сите ние сме парчиња на мозаикот наречен општество, истакнала Тренчевска.

Таа ја потенцирала улогата на стручниот кадар, воспитувачките и негователките, кои се грижат децата да се стекнат со квалитетно предучилишно воспитание.

Министерката Тренчевска, рекла дека дека за Владата и Министерство за труд и социјална политика предучилишното згрижување и воспитание е приоритет, а за тоа, според неа, говорат фактите дека од 2017 година досега се изградени 69 детски градинки ширум државата, а со тоа обезбеден опфат на нови 4 300 деца.

До крајот на годината предвидено е отворање на 13 објекти на територијата на целата држава со опфат на околу 1360 деца, и дополнително 15 градинки кои се во тек и се планирани да се отворат во 2023 година со вкупен капацитет за 1 905 деца. На ниво на град Скопје од 2017 година до денес  отворени се 17 детски градинки, а во тек е изградба на 6 нови градинки, за околу 1000 деца.

Next Post

„Зошто Скопје повторно заслужува црвени фенери?“ - кампања за Меѓународниот ден на сексуалните работници на Балканот

НАЈНОВО

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk