ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Доминик Прадали нова претседателка на Меѓународната федерација на новинари

June 2, 2022 16:09
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) денеска ја избра Доминик Прадали од Франција за нова претседателка на ИФЈ, на 31-от Конгрес на организацијата што се одржува во Мускат, Оман.

Таа е втора жена на таа позиција во речиси 100-годишната историја на организацијата.

Доминик Прадали е генерален секретар на синдикатот на француските новинари, а целата своја професионална кариера ја помина на националната телевизија, каде што беше и главна уредничка. Била и член на Француската комисија за новинарска етика и медијација.

Прадали беше член на Извршниот одбор на ИФЈ во два мандата.

Доминик Прадали вети дека ќе го посвети својот мандат на слободата на печатот ширум светот, солидарност меѓу колегите, како и подобрување на нивната финансиска состојба, поддршка за новинарите кои работат во воените зони и нивна безбедност, особено имајќи предвид дека од последниот Конгрес пред три години се убиени и страдале повеќе од 200 новинари.

Прадали, исто така, се залага за единство и опстанок на ИФЈ како единствена организација.

Меѓународната федерација на новинари е основана во 1926 година во Париз на иницијатива на новинарот и активист Жорж Бурдон, кој беше и еден од основачите на Лигата за човекови права. Неговата животна мисија беше солидарност меѓу сите новинари на планетата и подобрување на условите за работа за целосно и објективно пренесување на информациите, што остана основна задача и по речиси еден век постоење на Федерацијата./МИА/

Next Post

Петков: Лично не сум го видел планот на Франција за Северна Македонија

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk