ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска – Валандер: Нашето сојузништво со САД е успешна приказна на заедништво и на споделување на вредности

June 2, 2022 09:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедничката соработка, меѓусебната посветеност и поддршката во интензивниот развој на Армијата, но и соработката и сојузништвото во НАТО – Алијансата беа во фокусот на работната вечера на министерката Славјанка Петровска со помошничката на американскиот секретар за одбрана, Селесте Валандер, која се реализираше вчера попладне по американско време, информираат од Министерството за одбрана.

Министерката Петровска истакна дека стратешкиот дијалог закажан за денеска ќе биде уште еден чекор понапред во веќе интензивната и продуктивна соработка помеѓу САД и Северна Македонија на полето на одбраната.

„Стратешкиот дијалог е дополнителен ветер во грбот за нашата плодна одбранбена соработка. Посветеноста и поддршката на САД за Северна Македонија се докажува низ годините во кои ја градевме одбраната, а може да се види и денеска кога сме заедно дел од Алијансата, споделувајќи ги истите вредности“, рече министерката.

Петровска порача дека Северна Македонија со дела покажа дека има јасна визија и цел кога станува збор за развојот на Армијата – таа да биде модерна, високо обучена и опремена со најсовремената воена опрема, и дека таа посветеност е видлива и кај сојузниците, особено Соединетите Американски Држави, кои ја помагаат модернизацијата и со свои средства.

Петровска и Валандер разговараа и за новата безбедносна реалност во Европа, при што заеднички ја осудија руската агресија врз Украина, која, заклучија, наиде на обединето НАТО, кое повикува на крај на воените дејствија, враќање на мирот и сигурноста, но и НАТО кое е подготвено да ги брани овие вредности на територијата на сите земји – членки.

Валандер на работната вечера го истакна значењето на Северна Македонија во одржувањето на регионалниот мир и безбедноста, потенцирајќи ги одлуките кои овозможија прием на Северна Македонија во НАТО, како вистински одлуки во вистинско време.

Next Post

Ковачевски ќе учествува на форумот „ГлобСек“ во Братислава

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk