Премиерот Димитар Ковачевски учествуваше на манифестацијата организирана во паркот во Чаир за 20 годишнината од основањето на ДУИ. Преку објава на Фејсбук упати честитки за основањето.
„Честитки за 20 годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција за единство и за значајното учество во унапредување на демократските процеси и за учеството во остварувањето на стратешките интереси на земјата. Продолжуваме заедно како партнери во владината и парламентарната коалиција. Со полн капацитет носиме политики и решенија за сериозните актуелни предизвици и во справувањето со глобалната економска и енергетска криза.“, напиша Ковачевски.
На манифестацијата организирана во паркот во Чаир каде се oбрати претседателот на ДУИ Али Ахмети, присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Славица Грковска, владини министри, градоначалници, претставници на Исламската верска заедница, а меѓу гостите е и поранешниот премиер Зоран Заев.
ДУИ деновиве го одбележува јубилејот со повеќе активности.