Понекогаш се обидуваме да ја исцедиме со стискање содржината од кесичката со чај додека сè уште е во топла вода. Ќесичките со чај се користат од 8 век, уште од династијата Танг. Тогаш кесичките биле сошиени за успешно да се задржи содржината. Модерните верзии на кесичките за чај се појавија во западниот свет во 1903 година, а почнаа да се користат во комерцијална употреба во 1908 година кога производителот Томас Саливан почна да ги извезува низ целиот свет. Најпрвин кесичките биле кинети за да може да се најдат сите состојки од чајот во шолјата, но луѓето набрзо сфатиле дека чајот е подобар ако сите состојки останат во кесичката и се прелеат со топла вода.
Чајот содржи танин, органско хемиско соединение што се наоѓа во многу билки. Кога ќе ја прелиете кесичката со врелата вода, се ослободува само мал дел од танинот. Меѓутоа, кога дополнително ќе ја исцедите кесичката во водата, се ослободуваат се повеќе танини, што на чајот му дава премногу горчлив вкус, поради што таквиот чај веројатно нема да биде вкусен.
Секако, доколку преферирате горчлив чај и општо горчливи пијалоци, можете да продолжите да ја цедите откако ќе ја прелиете со топла вода.