ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

На Фејсбук невистинито се тврди дека Обама и Меркел се внук и ќерка на Хитлер

June 8, 2022 08:13
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
фото: businessinsider.com

фото: businessinsider.com

Share on FacebookShare on Twitter

Првото невистинито тврдење е дека Ангела Меркел е ќерка на Хитлер. Адолф Хитлер почина на 30 април 1945 година. Ангела Меркел е родена на 17 јули 1954 година и е ќерка на Хорст Каснер, пастор во протестантска црква. Оттаму, невозможно е Меркел да биде ќерка на Хитлер, со оглед на тоа што таа е родена девет години по неговата смрт. Барак Обама, пак, е израснат од неговата мајка Стенли Ан Дунхам и неговите баба и дедо по мајка, Маделин и Стенли Дунхам. Семејното дрво на Обама по мајка, се состои претежно од англиски претци. Анализира Вистиномер.

Вистиномер рецензира пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се тврди дека поранешниот претседател на САД, Барак Обама, е внук на Адолф Хитлер. Дополнително, во објавата се додава дека Обама бил уапсен на третиот обид за атентат на Доналд Трамп, по што наводно бил убиен затоа што „прекинал со соработка”. Авторот на постот додава дека денеска Обама се прикажува како графичка анимација и активен клон.

Во состав на постот споделена е и фотографија на која на англиски јазик пишува дека мајката на Обама е „производ на авантура меѓу Хитлер и домаќинка во Аргентина, што значи дека Обама е внук на Хитлер, а Ангела Меркел е ќерка на Хитлер и тетка на Обама”.

Првото невистинито тврдење е дека Ангела Меркел е ќерка на Хитлер. Адолф Хитлер почина на 30 април 1945 година. Ангела Меркел е родена на 17 јули 1954 година и е ќерка на Хорст Каснер, пастор во протестантска црква.

Оттаму, невозможно е Меркел да биде ќерка на Хитлер, со оглед на тоа што таа е родена девет години по неговата смрт.

Барак Обама, пак, е израснат од неговата мајка Стенли Ан Дунхам и неговите баба и дедо по мајка, Маделин и Стенли Дунхам.

Семејното дрво на Обама по мајка, се состои претежно од англиски претци, а мал дел од нив имаат потекло од Германија, Шкотска, Ирска и Швајцарија.

Дедо по мајка на Обама е Стенли Дунхам, а не Хитлер. Тој бил полковник во американската армија за време на Втората светска војна, веднаш по нападите на Перл Харбор. Тој и неговата сопруга, Марелин Дунхам го израснале Обама во Хонолулу, Хаваи.

Дедо по татко на Обама е Онјанго Обама. Онјанго работел како готвач и локален хербалист, а за него е познато дека конвертирал во римокатолицизам рано во животот. Баба по татко на Обама е Акуму Нјаџога. Во неговиот мемоар Обама пишува дека Акуму била несреќна во бракот и го напуштила Онјанго и децата, по што се премажила и се преселила во Танзанија.

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама секојдневно е активен на социјалната мрежа Фејсбук, каде објавува свои политички ставови, активно учествува во споделување гледишта за меѓународната и домашната американска политика и се појавува во јавноста. Никаде не е објавено дека имало трет обид за атентат врз Доналд Трамп, а дека Обама бил уапсен за атентатот по што го заменува клон. Доколку Обама бил одговорен за атентат врз Трамп, тоа би било светска вест. Меѓутоа, бидејќи нема докази за такво нешто, ова останува во доменот на податоци кои немаат допирна точка со реалноста и не се темелат на факти.

За Обама низ годините се ширеа низа дезинформации меѓу кои дека бил шпиун или пак дека бил уапсен.

Дел од теориите на заговор вклучуваа дезинформации дека Обама е син на Малком Екс, на Френк Маршал Дејвис итн.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека Обама е внук на Хитлер, дека бил уапсен по трет обид за атентат врз Трамп, по што бил убиен и заменет со клон. Водно, не е вистина ниту дека Ангела Меркел е ќерка на Хитлер.

Извор: Вистиномер

Next Post
Никола Груевски, пред Кривичен, во деновите кога редовно доаѓаше на суд. / фото: Киро Попов/kolektif.mk

Пресуда за „Талир 2“

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

November 9, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

November 9, 2025

Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk