ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува електронското аплицирање за запишување во средните училишта

June 10, 2022 08:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска  во 10 часот до 15 часот на 15 јуни учениците ќе пополнуваат пријави и електронски ќе аплицираат за запишување во средните училишта за учебната 2022/2023 година. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16  јуни  на интернет-страницата на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk и на https://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација  до училиштата ќе биде на 16  јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19  часот,  според распоред што ќе го подготви секое училиште.

МОН годинава ја воведе новата дигиталната услуга со цел да се оптимизира целиот процес на уписи во средните училишта. Во периодот додека системот за аплицирање биде достапен за учениците, тие ќе може да прават ажурирање, измени и  дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

– Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, појаснуваат од Министерството за образование и наука.

Доколку до рокот за електронско аплицирање, 15 јуни, учениците сè уште го немаат добиено  свидетелството за IX одделение,  ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за IX одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од IX-то одделение  задолжително ќе го приложат  до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16  и 17  јуни.

Министерството за образование и наука на крајот на март го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година, во кој се  наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување и насоки за спроведување на Конкурсот./MИА/.

Next Post

Брисел инсистира на решение во јуни, Владата во Софија на „стаклени нозе“, Скопје не прифаќа историски прашања во Преговарачката рамка

НАЈНОВО

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

November 6, 2025
Фото: архива КУД „Стив Наумов“-Битола

На денешен ден во Битола е формиран најстариот македонски хор „Стив Наумов“

November 6, 2025

Три екипи со максимален ефект по првите четири кола во ЛШ

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk