ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бугарскиот пратеник Михнев: Се движиме во насока на обезбедување апсолутно мнозинство во Парламентот

June 13, 2022 14:21
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Бугарија, Софија. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Бугарија, Софија. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Пратеникот од бугарската политичка партија „Продолжуваме со промената“ Атанас Михнев во изјава за локални медиуми најави дека „се движиме во насока на обезбедување апсолутно мнозинство во Парламентот“. Според него, во моментот се разгопвара со пратеници „со витстинска мотивација за промена на Бугарија“, пренесува МИА.

„Веруваме дека ќе ни се придружат пратеници кои имаат храброст да го носат зборот пратеник со содржина и ќе гласаат по совест, бидејќи политиката не е шоу, туку работа“, рече Михнев.

На новинарско прашање дали веќе се најдени такви лица, Михнев потврдно одговори. Пратеникот на прашањето дали се 12, рече: „Не, помалку. Одиме во насока да обезбедиме апсолутно мнозинство“.

Михнев најави дека министерските оставки поднесени од министрите на „Има таков народ“ нема да се гласаат неделава.

Претходно, бугарски медиуми јавија дека седуммина пратеници  ќе ја напуштат пратеничката група на бугарската партија „Има таков народ“, објави „24 часа“. Тие ќе ја напуштат групата, иако сè уште немаат цврст договор со „Продолжуваме со промената“, а èе уште чекаат понуди за партнерство.

Веќе оваа недела, новите независни пратеници можеби ќе треба да бидат вклучени во клучното гласање.

Седуммината ги организира министерот за спорт во оставка на ИТН, Радостин Василев, кој се спротивстави на заминувањето на партијата од владата.

Со тоа во парламентарната  група на ИТН ќе останат 13 пратеници колку се и на партијата Преродба.

Вечерва треба да стане јасна конечната бројка на тие пратеници. Лидерот на ИТН Слави Трифонов за вечерва ги повика пратениците на консултации, јавија бугарските медиуми.

Уште двајца министри во бугарската Влада денеска поднесоа оставки.

Шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов поднесоа барања за напуштање на кабинетот. Тоа е резултат на одлуката на бугарската партија „Има таков народ“ да стави крај на владејачката коалиција и да го напушти кабинетот.

Next Post
Фото: Mufid Majnun на Unsplash

ИЈЗ: Нови 69 позитивни случаи на Ковид 19, нема починати

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk