ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вистиномер: Вакцините против ковид-19 не се генетска терапија, како што невистинито тврди објава на Фејсбук

June 13, 2022 20:43
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на шефот на фармацевтскиот оддел на Бајер, Стефан Орлих не содржи тврдење дека вакцината против ковид-19 е генска терапија, како што се тврди во објавата што ја рецензираме. Според Орлих, фактот што светската популација ја прифати мРНК вакцината, може да отвори нови патишта за технологии во медицината како генска терапија, технологии кои Бајер ги промовира против болести како анемија или Паркинсова болест. Орлих направил споредба меѓу мРНК вакцините и генските терапии како пример за технолошки напредоци во полето на медицината, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека шефот на фармацевтскиот оддел на Бајер, Стефан Орлих, на Светскиот здравствен самит признал дека вакцината против ковид-19 е генска терапија. Според наведеното во постот, тој изјавил дека фармацевтските компании знаеле дека луѓето ќе ја одбијат вакцината доколку се открие дека всушност станува збор за лек што го менува генот. Авторот на постот заклучува дека граѓаните биле лажени за профит бидејќи вакцината, според наведеното во постот, не спречила никој да не се зарази или да го пренесе вирусот.

Повеќе странски сервиси за проверка на фактите, веќе имаат утврдено дека тврдењето дека Стефан Орлих кажал дека вакцините против ковид-19 се генска терапија, е невистинито.

Имено, во својот говор на Светскиот здравствен самит во 2021 година, тој рекол дека мРНК вакцините се пример за технолошка иновација, исто како и генската терапија предложена од Бајер. Неговото тврдење е извадено од контекст и изманипулирано за лажно да се тврди дека вакцините против ковид-19 ја модифицираат човековата ДНК. Тоа е чест мит кој циркулира уште од почетокот на вакциналната кампања против ковид-19.

Целиот говор на Орлих може да се проследи на следниот линк (1 час, 29 минута).

Неговиот говор е фокусиран на новите технологии во медицината и јавната доверба во овие технологии. Според Орлих, фактот што светската популација ја прифати мРНК вакцината, може да отвори нови патишта за технологии во медицината како генска терапија, технологии кои Бајер ги промовира против болести како анемија или Паркинсова болест. Орлих направил споредба меѓу мРНК вакцините и генските терапии како пример за технолошки напредоци во полето на медицината.

Адам Тејлор, вирусолог од Грифит универзитетот, за Ројтерс кажал дека генската терапија во класична смисла, вклучува создавање намерни промени на ДНК на пациентот за тој да се лекува.

мРНК вакцините нема да влезат во јадрото на клетката кое го складира ДНК геномот. Нема никаков ризик дека овие вакцини се интегрираат во геномот или ја менуваат генетската форма, рекол тој.

Институтот Харвард пак, пишува дека генетската терапија вклучува процес во кој проблематични генски секвенци се заменуваат со здрави и на таков начин превенираат развој на болест. Генската терапија не се користи во развојот на вакцините против ковид-19, бидејќи овие вакцини не ги заменуваат и не ги менуваат човечките гени.

Според Министерството за здравство на Романија, вакцините со мРНК не вклучуваат состојки кои би можеле да ја модифицираат ДНК на личноста. Улогата на мРНК молекулата во вакцината е да им даде на клетките инструкции да продуцираат спајк протеин, на кој имунолошкиот систем ќе реагира со производство на специфични антитела. мРНК не се интегрира со вирусната ДНК во клеточното јадро на реципиентот и се разложува брзо откако ќе ја постигне целта да произведе спајк протеин.

Повеќе светски сервиси за проверка на факти потенцираат дека мРНК вакцините не се генска терапија, а за истото веќе пишуваше и Вистиномер.

Дополнително, во постот што го рецензираме невистинито се тврди дека вакцините против ковид-19 не спречиле никој да се зарази или да го пренесе вирусот. Точно е дека вакцинираните може да се заразат и да бидат преносители на вирусот, исто како и невакцинираните. Меѓутоа, вакцината дава заштита во поглед на создавање полесна клиничка слика, со цел да се спречи хоспитализација и смрт кај пациентот.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека вакцините против ковид-19 се генетска терапија и дека тие не спречиле зараза и пренос на вирусот.

извор: МЕТА.мк

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk