ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вистиномер: Со невистинито, изменето видео, се манипулира дека директорот на „Фајзер“ сака да ја намали светската популација

June 14, 2022 19:59
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото споделено во постот што го рецензираме е изменето и во него се претставуваат невистинити факти, односно се додаваат зборови кои директорот на Фајзер не ги кажал. Во неизменетата верзија, Бурла не споменува никакви планови за елиминација на половина од човечката популација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека постои некаков молк за несаканите последици, инвалидитет и смртност предизвикани од вакцината против ковид-19, како и тоа дека смртноста во сите држави наводно е зголемена за сите возрасти, раси и пол откако почнала кампањата за масовна вакцинација.

Понатаму, во постот невистинито се тврди дека вакцината е експериментална инекција за која нема согласност со потпис. Ваквото тврдење не е вистинито. Во С. Македонија уште од почетокот на вакциналната кампања, секој граѓанин кој доброволно решава да се вакцинира, потпишува изјава за согласност.

Сите граѓани имаат достапни опсежни информации за составот, ефикасноста и несаканите ефекти за секоја вакцина која во С. Македонија е или била администрирана против ковид-19. Во упатството за користење, наведени се сите овие информации, така што секој граѓанин може да донесе своеволна одлука пред да се вакцинира.

Уште еден невистинит елемент на постот што го рецензираме,претставува споделеното видео од директорот на Фајзер, Алберт Бурла. Во видеото кое е споделено, Бурла е цитиран со следната наводна изјава:

Во 2019 година, наш сон беше да ја намалиме светската популација за педесет проценти. Мислам дека тој сон станува реалност. 

Која е вистината и што говорат фактите?

Бурла се појави на неодамнешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, како што известува Си Ен Би Си.

Во видеото, споделено во постот што го рецензираме, говорот на Бурла е монтиран и лажен, односно намонтирани се делови кои тој воопшто не ги има изјавено. Конкретниот дел кој се споменува во спорниот пост може да се погледне на следното видео со почеток од 2,45 минута:

Во говорот тој не вели дека планот е да се намали светската популација до 2023 година за педесет проценти, туку нешто сосема друго.

Ги поставивме целите за следните 5 години. Една од нив е до 2023 година да го намалиме бројот на луѓето кои не можат да си ги дозволат нашите лекови за 50 проценти. Мислам дека денеска тој сон станува реалност, вели Бурла во своето излагање.

Следствено, видеото што е споделено во постот што го рецензираме е изменето на начин што во него се претставуваат невистинити факти, односно се додаваат зборови кои директорот на Фајзер не ги кажал. Во неизменетата верзија, Бурла не споменува планови да елиминира половина од човечката популација.

Во постот што го рецензираме, невистинито се тврди и дека постои некаков молк за несакани последици и смртност предизвикани од вакцината против ковид-19. Наспроти ваквото тврдење, во секоја држава, вклучително и во Република Северна Македонија, постои систем за следење на несаканите ефекти кој го спроведува Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД. Такви системи за следење на несакани ефекти постојат и во САД, но и во останатите држави од светот. Исто така, самите фармацевтски компании, производители на вакцините против ковид-19, спроведуваат сопствени истражувања и мониторирања на несаканите ефекти, со цел да се осигура долгорочната безбедност на вакцините, да се детектираат несакани ефекти кои не биле детектирани во упатствата за користење и ефикасно да се продолжи процесот на масовна имунизација.

Непоткрепено со факти и докази е и тврдењето дека смртноста во сите држави наводно е зголемена за сите возрасти, раси и полови, откако почнала кампањата за масовна вакцинација. Такви наоди не се детектирани од страна на ниедна релевантна медицинска институција во целиот свет. Напротив, вакцините се безбедни и ефикасни.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно дека Бурла кажал дека целта му е да ја намали светската популација за 50 проценти. Исто така, не е вистина дека постои некаков молк за несаканите последици, инвалидитет и смртност предизвикани од вакцината против ковид-19, како и дека смртноста во сите држави наводно е зголемена за сите возрасти, раси и пол откако почнала кампањата за масовна вакцинација.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk