ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Девет историски личности за кои малкумина знаат дека биле ЛГБТИ

June 15, 2022 22:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Иако во денешно време е релативно лесно да се најдат икони и херои во кои што може да се пронајдеме, изгледа како да нема многу познати квир фигури кои живееле пред 20 век. Во многу периоди од историјата, ЛГБТ+ луѓето не биле прифатени, но за среќа, историчарите направија напорна работа за откривање на сексуалноститите на истакнати личности, така што сега имаме сосема нова група луѓе за кои сме учеле на училиште, но кои никој не ги спомнал дека се членови на ЛГБТ+ заедницата, пишува „Pinknews“.

Леонардо Да Винчи

Книга од Волтер Исаксон наречена „Леонардо да Винчи: Биографијата“ го покажува степенот до кој Да Винчи живеел како отворено геј во Фиренца во 15 век.

Текстот, кој се базираше на илјадници страници од сопствените тетратки на уметникот, раскажува како Да Винчи имал низа помлади машки придружници. Тој, исто така, постојано ја прикажувал машката сексуалност во неговата уметност и се соочувал со обвинувања за содомија за време на неговиот живот. Уметникот двапати бил јавно обвинет за геј секс, неговиот млад штитеник бил отстранет поради „злобниот живот што го водел“ со Леонардо, а неговите дела постојано кажувале за неговата привлечност кон мажите,и граничната одбивност кон сексот со жени.

Флоренс Најтингел

Покрај тоа што се смета за основач на модерната нега, Најтингел, исто така, страсно сакала три жени, според книгата „Суперѕвезди од 1993 година: Дванаесет лезбејки кои го променија светот“. Ова наводно ја вклучувало нејзината братучетка Маријана Николсон.

Британската икона од 19 век очигледно била толку вљубена во Маријана што таа се преправала дека е нејзиниот брат Хенри за да го избегне осудувањето на другите. Најтингел, која никогаш не се омажила, исто така уживала во интимни односи со нејзината тетка Маи и братучетката Хилари.

Кралот Џејмс VI

За кралот, кој владеел од 1567 до 1625 година, е широко прифатено дека имал повеќе истополови партнери во текот на неговиот живот. Џејмс, е најпознат по тоа што често им давал титули на своите љубовници, вклучувајќи го и Роберт Кар, кого го направил Ерл од Сомерсет.

Тој, исто така се заљубил и во Џорџ Вилиер, со што станал витез, гроф, а подоцна и војвода од Бакингем. Иако постојат многу докази за поддршка на врската помеѓу кралот и Вилиер, тие долго време беа бришени од очите на јавноста. Во своите писма до кралот, Вилиер напишал: „Јас природно ја сакам твојата личност и ги обожувам сите твои други делови, кои се повеќе од што било кој човек некогаш ги имал“.

Селма Лагерлоф

Лагерлоф беше првата жена писател на која и беше доделена Нобеловата награда за литература, која ја доби во 1909 година. Во 1992 година, писмата на шведската авторка до нејзината еврејска љубовница и колешка писател Софи Елкан беа објавени во книгата „Du lär mig att bli fri“. Овој шведски наслов во превод значи: „Ти ме учиш да бидам слободна“.

Жените започнале врска по средбата во 1894 година и останале заедно се додека Елкан не починала во 1921 година, пишувајќи илјадници писма едена на друга во меѓувреме. Во едно од нив, Лагерлоф ѝ вели на својата сакана: „Те имам со мене насекаде, те гледам и слушам и живеам со тебе“.

Вилијам Шекспир

Идејата дека најпофалениот британски драматург на сите времиња бил квир, историски се смета за контроверзна, но е поддржана од повеќе експерти, па дури и од легендарниот актер Сер Иан Меккелен.

Во 2012 година, одликуваната ѕвезда рече: „Би рекол дека Шекспир спиел со мажи. Венецијанскиот трговец, фокусирајќи се на тоа како светот ги третира хомосексуалците како и Евреите, има љубовен триаголник помеѓу постар маж, помлад маж и жена“. „И комплексноста во неговите комедии со вкрстено облекување и маскирања е огромна. Шекспир очигледно уживал во сексот со мажи, но и со жени“, додаде тој.

Роберта Кауел

Роберта Кауел беше британски борбен пилот од Втората светска војна, возач на тркачки автомобил, и една од првите луѓе на која било извршена операција за промена на полот.

Транс жената поминала пет месеци во германски логор за воени заробеници откако била заробена, каде што прибегнала кон убивање и јадење мачки за да преживее. Во 1951 година, револуционерните пластични хирурзи Сер Харолд Гилис и Ралф Милард ја извршија една од првите успешни операции за вагинопластика на Кауел.

Ричард I

Се шпекулирало дека кралот Ричард, кој едвај поминувал време со својата сопруга и немал деца, уживал во скандалозна афера со Филип II од Франција.

Неговиот кралски секретар Роџер Ховедон напишал дека двајцата „јаделе секој ден на иста маса и од иста чинија, а навечер креветите не ги делеле“.

Керолин Сперџон

Првата жена-универзитетска професорка на Универзитетот во Лондон, побарала да биде погребана до државната службеничка Лилиан Клапам.

Сперџон го дизајнирала надгробниот споменик на Клапам, која била капитен на женската хокеарска репрезентација на Англија, и оставила порака во сеќавање на нивниот „среќен живот заедно“ кога таа почина во 1935 година, според добротворната организација за историја на ЛГБТ „Брајтон Оурстори“. Тие можат да се најдат закопани една до друга во дворот на црквата Алцистон, Источен Сасекс.

Јулиј Цезар

Римскиот диктатор често бил исмејуван од противниците за неговите гласини за квир врски.

Тој наводно се впуштил во афера со кралот Никомед IV, кој владеел со азиската провинција на римска територија наречена Битинија, и бил исмејуван затоа што преземал покорна улога во нивните сексуални односи. Според еден историчар, за време на галскиот триумф на Цезар, неговите војници пееле: „Цезар можеби ги освоил Галите, но Никомед го освоил Цезар“. Царот бил исмејуван од некои политички противници како „Кралица на Битинија“, што покажува дека историјата на хомофобични подбивања е долга и неразбирлива. Освен што владеел со огромна република, Цезар имал гласини и за афери со неговиот инженер Мамура и Октавијан, кој на крајот станал Август, првиот император на Римската империја.

подготви: M. M.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk