ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Врвен приоритет е креирање и имплементирање на ефикасни антикорупциски политики

June 15, 2022 14:24
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска преку конференциска врска се обрати на четвртата меѓународна конференција за спречување на перење пари и финансирање тероризам на тема „Нови рестриктивни мерки – ефектите и искуствата од регионот”, организирана од Академијата за банкарство и информатичка технологија и Институтот Хајделберг во Скопје. Во своето обраќање вицепремиерката Грковска истакна дека Владата во изминатите неколку години активно работи на преземање мерки и активности за спречување на корупцијата и криминалот, во секоја сфера од општеството, вклучително и на мерки за сузбивање на меѓународниот криминал и тероризам. За таа цел е усвоена Националната стратегија за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам 2021 – 2024.

„Борбата со високата корупција и организираниот криминал, неминовно ја наметнува потреба од постојано стратешко зајакнување и унапредување на капацитетите на националните институции, како и нивна континуирана координација во следењето на протокот на финансиите, откривање на евентуално прикривање и трансфер на нелегално стекнат имот. Во таа насока се надгради Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот. Воспоставивме јасни механизми за соработка меѓу сите надлежни институции и ги охрабривме и граѓаните и медиумите да зборуваат јавно и гласно, затоа што само така ќе имаме владеење на правото и функционални институции“, потенцираше Грковска.

Пред присутните на конференција Грковска нагласи дека клучен предуслов за уште поуспешна борба против корупцијата, перењето пари и организираниот криминал е дигиталната трансформација на општеството.

„Главен приоритет на мојот Кабинет е поттикнување на сеопфатна дигитализација за ефикасно и професионално функционирање на институциите како и зголемено и поефикасно користење на Националната платформа за интероперабилност. Со дигиталната трансформација податоците ќе бидат достапни во истиот момент, што на сите институции ќе им овозможи полесно и побрзо детектирање на сите неправилности и незаконски дејствувања“, потенцираше вицепремиерката.

Next Post

Захарова: Смртната казна е јасен пример за сите платеници

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk