ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири: Учениците го прифатија новиот модел за запишување во средните училишта, пристигнати се над 14.500 апликации

June 15, 2022 17:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 14.500 пријави се пристигнати во базата на податоци на системот за електронско аплицирање на учениците за прва година во средните училишта, модел кој за прв пат се воведе оваа година. Целокупната подготовка од страна на МОН, како и достапноста на порталот за пријавување, резултираше со евидентно порелаксиран процес споредбено со сите минати години и веќе утрово до 08.00 часот имаме апликации на околу 75% од сите ученици, а до крајот на денот очекуваме процентот да биде достигне до 90%.

Ова го истакна министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири на денешната прес конференција, напоменувајќи дека се намалени гужвите во средните училишта во сегментот на пријавување, со што се минимизираа неизвесноста и нервозите од исходот на самиот упис.

– На 16-ти  и 17-ти јуни училишните комисии ќе извршат проверка на идентичноста на податоците од апликациите со доставените документи., а веќе на 18-ти ќе бидат објавени и конечните ранг листи на огласните табли на училиштата и на веб страницата на Министерството за образование и наука, истакна министерот.

Воедно, тој, најави неколку новини кои се планирани за следната година, надграден Е-дневник со полесни функционалности, побрзи сервери што во текот на работата на наставниците ќе им овозможи на наставниците непречена работа, мобилна апликација на е-дневник, како и подобра комуникација во реално време со родителите.

– Воведување на електронско свидетелство, автоматско внесување на оценките во е-дневник при аплицирање на основци во средно, како и работиме на идејата за имплементација на нов Higher education management system (HEMIS) за автоматско аплицирање за матурантите на универзитетите. Исто така се планира целосна електронска евиденција на сите студенти од универзитетите и овозможување непречено реализирање на студентските права, рече министерот.

Секоја новина, рече тој, кај сите нас предизвикува страв и несигурност.

– Овој пат сум сигурен дека ова е еден голем чекор напред во насока на дигитализација и осовременување на целокупниот образовен процес и дека сме на вистинскиот пат, рече Шаќири.

 

 

Next Post

Министерот Алити на Форум за дигитална безбедност на Западен Балкан во Талин

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk