ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: И покрај тоа што во Русија има се помалку модерни ракети, потребата на Украина од противракетни системи останува

June 15, 2022 13:27
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај тоа што во Русија има се помалку модерни ракети, потребата на Украина од противракетни системи останува, потенцираше во најновот обраќање, претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Украинци! Украинки!

Сите наши бранители и бранителки! Денес нашата противвоздушна одбрана успеа да им ги „пресече крилата“ на руските ракети. Дел од ракетите што окупаторите ги истрелаа врз нашите градови беа соборени. И ова се спасени животи. Ова е спасена инфраструктура.

Но, успеавме да урнеме само дел. За жал има жртви, има разурнувања. Денес ударот беше врз Лвивската и Тернопилската област. И ние постојано им кажуваме на нашите партнери дека на Украина и треба модерно противракетно оружје. Нашата земја сè уште го нема на доволно ниво, но токму нашата држава и токму во моментов имаме најголема потреба од такво оружје во Европа. Одолговлекувањето со негово обезбедување не може да се оправда. Постојано ќе го потенцирам ова кога ќе разговарам со нашите партнери.

Првите барања за противракетни системи ги направивме многу пред инвазијата од големи размери. И оваа недела ќе има многу различни важни разговори – и тоа не само со европските политичари кои се способни да ѝ обезбедат на Украина модерни противракетни системи. И покрај тоа што Русија секој изминат ден има се помалку модерни ракети, потребата на Украина за такви системи останува. Бидејќи Русија сè уште има доволно советски типови на ракети, кои се уште поопасни. Тие се многу пати помалку прецизни, а со тоа и многукратно позагрозувачки за цивилни објекти и обични станбени згради.

Денес разговарав со Премиерот на Канада Џастин Трудо. Секако, тема број еден беше одбранбената поддршка. Канада е меѓу лидерите во него. Му се заблагодарив за фактот дека Канада стана првата земја што префрли специјална помош на украинската сметка во ММФ – околу 800 милиони долари.

Одржав разговор и со Претседателот на Еквадор. Му честитав за изборот на Еквадор како член на Советот за безбедност на ООН. Го информирав за актуелната состојба на бојното поле и повикав на зголемен притисок врз Русија за прекин на оваа војна. И овој разговор со Претседателот на Еквадор и вчерашниот разговор со Претседателот на Гватемала беа само почеток на нашата нова политика на обнова на односите со Латинска Америка.

Денес побарав од Врховниот командант на Вооружените Сили на Украина да биде многу внимателен на извештаите во медиумите и на социјалните мрежи за тоа дека некои од нашите борци немаат доволно лична заштитна опрема. Извештаите што ги добивам се значително различни од она што го дискутира општеството. И очекувам инспекции на логистика во армијата – инспекции што се снабдува и како се дели личната заштитна опрема. Денес, секој во борбените зони мора да има се што е потребно за да се заштити. Државата обезбедува такви залихи.

Во текот на изминатиот ден во битката кај Донбас не се случија драстични промени. Најжестоки борби има во Северодонецк и во сите градови и заедници во близина – како и досега. Загубите, за жал, се болни. Но, треба да издржиме. Ова е нашата држава. Од витално значење е да се остане таму, во Донбас. Колку повеќе загуби непријателот претрпи таму, толку помалку сила ќе имаат да ја продолжат агресијата. Затоа, насоката на Донбас е клучна за да се одреди кој ќе доминира во наредните недели.

Болни загуби имаме и во Харкивската област, каде руската армија се обидува да ја зајакне својата позиција. Борбата за оваа насока продолжува, а ние сè уште треба да се бориме напорно  да се бориме за целосна безбедност на Харкив и областа.

Продолжуваме да вршиме притисок врз окупаторите на југ. Клучната цел е ослободувањето на Херсон и кон тоа ќе се движиме чекор по чекор.

Потпишав уште еден указ за наградување на оние кои се истакнаа во битките. На 63 воени лица им беа доделени државни награди за храброст и ефектвност во одбраната на државата.

Вкупниот број на добитници на вакви награди е веќе 18.453. А таквиот размер, толкав број на подвизи целосно го демонстрира нивото на спротивставувањето и бруталноста на воените дејствија.

Им благодарам на сите што застанаа во одбрана на нашата држава!

Вечен спомен на секој и на секоја чии животи ги одзедоа окупаторите!

Слава на Украина!“, рече Зеленски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Нов робот-помошник за домашни работи

May 12, 2025

НАСА: Мисија на Марс в година

May 12, 2025

„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk