За време на овогодинешниот Преспа форум за дијалог, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, информираат од МНР.
Средбата е дел од активниот дијалог и консултации со извршните структури на ОБСЕ во светло на нашето претседавање во 2023 година.
Министерот Османи посочи дека претседавањето во дадениот комплексен геополитички момент и евидентната поларизација во рамките на ОБСЕ претставува особен предизвик:
“Регионот на ОБСЕ и самата Организација се соочуваат со изразито сериозни предизвици. Во такви услови ќе направиме се да ги заштитиме вредностите на ОБСЕ и да го искористиме капацитетот на нашата Организација во менаџирањето на постојните, и превенирањето на потенцијалните кризи во регионот на ОБСЕ. Јас сум убеден дека ОБСЕ треба да продолжи да има водечка улога во оваа смисла и истовремено да го зачува своето наследство/имиџ на планот на промоцијата на човековите права и демократските вредности”.





