ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Марин: Одговорност на ЕУ е ситуацијата да не остане замрзната, важно е преговорите да почнат сега

June 20, 2022 16:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Финската позиција е многу јасна, ние сме во полза на проширувањето и нашата позиција во врска со Северна Македонија и Албанија е многу јасна – сакаме да се случува напредок, сакаме да ги видиме двете земји како стануваат земји членки на ЕУ во иднина и треба на напредуваме на тоа прашање, рече финската премиерка Сана Марин на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Одговорност на ЕУ, според финската премиерка, е да се осигура дека ситуацијата нема да остане замрзната.

– Треба заедно да дискутираме за прашањето со Бугарија и да се осигураме дека ќе ги имаме насоките од сега па натаму по кој пат треба да се движат. Неделава ќе имаме состанок каде ќе дискутираме за статусот на Украина и Молдавија, мислам е важно да се дискутира за сиутацијата со Западен Балкан и да се осигураме дека сите прашања ќе бидат решени. Наша одговорност е да се осигураме дека веќе нема да има проблеми, рече Марин.

Позицијата на Финска, повтори таа, е многу јасна. Финска, нагласи, е меѓу најголемите поддржувачи на проширувањето во ЕУ.

– Сакаме да ве видиме како дел од ЕУ и сакаме сите да се движиме напред, рече Марин.

Таа истакна дека и Финска и Шведска ќе ја засилат НАТО Алијансата и ќе ја направат побезбедна.

– Сакам да им оддам почит на нашите односи, особено зашто треба да бидеме сојузници во НАТО. Ова ќе биде важен чекор за сите нас и за билатералните односи меѓу двете земји. Северна Македонија е цврст поддржувач на политиката на отворени врати на НАТО, рече Марин нагласувајќи дека во Финска и Шведска ја ценат вредноста на сојузништвото.

Според финската премиерка важно е во оваа ситуација НАТО да биде обединето околу поддршката за нивното членство.

– Русија ја промени безбедносната средина на Европа и мора на нашите граѓани да им покажеме колку е важно да сме обединети, цврсти и одлучни. Тешката ситуација со Русија потенцираше дека тесните национални интереси мора да бидат тргнати настрана за доброто на целата Европа. Важно е преговорите да почнат сега. За нас Северна Македонија е позитивен пример за активен и конструктивен член на меѓународниот поредок, рече Марин.

Ковачевски од своја страна истакна дека членството на Финска во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста во евро-атлантскиот регион, особено регионот на високиот Север и Балтикот.

– Уверен сум дека оваа посета е првата од многубројните. Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО, отворено ја поддржавме иницијативата на Шведска и Финска да станат членки на НАТО, се надевам на што поскоро членство и на двете земји. Нашата Влада уште во мај даде согласност за прием на Шведска и Финска во НАТО, рече Ковачевски. 

Ковачевски посочи дека Финска е широк поддржувач на зачленување во ЕУ на земјите од Западен Балкан и оти блокадата со која се среќаваме ние, одекнува негативно во регионот.  

Премиерот додаде дека Северна Македонија и Финска имаат заедничка евроатлантска иднина за која, рече, силно меѓусебно ќе продолжиме да се заложуваме. 

Next Post

Радев: Бугарската Влада да се изјасни за „францускиот предлог“, а не Собранието

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk