При спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, санкционирани се 293 возачи.
Во акциската контрола, спроведена во периодот од 13 до 19 јуни 2022 година, како што информираат од МВР, регистрирани биле 163 мотоциклисти кои не користеле заштитна кацига за време на возење, понатаму 69 возеле без возачка дозвола, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел придонес за побезбедни патишта.





