ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Опозицијата треба да најде доблест да ги признае успесите на Армијата

June 20, 2022 13:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за Утрински Брифинг, министерката за одбрана Славјанка Петровска одговори на прашањето за критиките и нападите од опозицијата. Таа изрази загриженост што опозицијата нема капацитет и доблест да ги честита успесите на Армијата, достигнувањата во кои секој припадник на Армијата се вложил во изминатите години, туку само критикува и се служи со лаги.

„Во поглед на тоа што се случува и што се коментира во Министерството за одбрана и во Армијата, не ме допираат нападите лично врз мене заради тоа што се лаги. Заради тоа што ако внимателно и се проследат или се анализираат нападите, ќе видите дека прашањата се упатуваат до мене, но тоа не значи моја инволвираност во одредени процеси. Јас никогаш не сум бегала и нема да бегам од одговорност, впрочем седењето на одредена позиција значи и прифаќање на одговорноста. Она што мене ме загрижува во суштина и што не можам да го разберам и не гледам државотворност кај опозицијата, е што на сите овие успеси што Армијата -не јас, Армијата ги имаше за ова кратко време, јас не слушнав честитка од нивна страна – рече Петровска“.

Во Република Северна Македонија за неколку месеци се одржаа две големи активности кои го покажаа капацитетот на нашата Армија – рече министерката и ги посочи високите оценки кои ги доби Лесниот пешадиски баталјон  и најголемата вежба „Swift response 22„ која во мај се одржа на Криволак на која учествуваа 4 600 војници од 8 НАТО армии.

„Не слушнавме коментар од опозицијата од нејзините гласноговорници за тоа, барем да честитаат на Армијата. Се случи најголемата вежба што до сега била одржана, која вклучуваше 8 армии од 8 различни држави членки на НАТО, тука на Криволак. Нашата Армија беше домаќин на 4600 војници од 8 нации. Беше оценета вежбата како исклучително успешна, нашата Армија беше оценета како Армија која поседува капацитет и е рамноправна со сите други армии кои се многу поодамна од нас во НАТО алијансата. Не слушнавме коментар за тоа од опозицијата. Не за мене – мене нека ме напаѓаат, но треба да имаат државотворност, ако тврдат дека се таква партија, да честитаат на успесите на луѓето кои животот го посветиле на таа Армија. Оваа година славиме 30 години од Армијата, ако не успеете за овие 30 години да го валоризирате тоа што сите го правеле, претходните началници на генералштабовите, претходните генерали и така натаму – сите тие имаат влог во тоа што се случува денеска“ рече Петровска.

Таа потенцираше дека процесот на целосна НАТО интеграција не започна пред 3 години, тоа е процес кој трае многу одамна, исто како и процесот на усовршување на нашата Армија кој не се случува преку ноќ, тоа се долгорочни процеси.

„Да, зависи од политичката волја, колку импулс ќе дадете и колку ќе бидете посветени, но во суштина потешкиот дел од задачата го прават припадниците на Армијата. Кога немате капацитет и доблест да им честитате на нив тогаш гледате дека вие се борите само за гола власт„ заклучи Петровска.

 

Next Post

МВР: Санкционирани 293 мотоциклисти на територија на цела држава

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk