Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека очекува Русија да ги интензивира нападите врз Украина, додека Киев неделава ја очекува одлуката на Европска Унија за доделување на статус земја кандидат за членство.
На 23 и 24 јуни се одржува редовен самит на ЕУ, на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за мислењата на Европска Комисија објавени минатата недела за апликациите на трите земји – Украина, Молдавија и Грузија. /МИА/.