ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири: Инклузијата на лицата со попреченост е процес кој мора да се надградува и подобрува

June 22, 2022 13:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во секторот со кој ја раководам, во изминативе години е постигнат голем напредок во инкузијата на учениците со попреченост, но иако имаме направено низа активности за вклученоста на децата со посебни образовни потреби во училиштата, сепак треба уште многу да се работи на ова поле. Инклузијата на лицата со попреченост е процес кој мора да се надградува, да се подобрува, со цел сите да добијат исти можности за образование.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на промоцијата на програма за инклузија на лицата со попреченост и анализата на состојбата на правата на лицата со попреченост, во организација на УНИЦЕФ.

– Нешто за што посебно сум горд е зголемување на бројот на ученици со попреченост во основните училишта, кој за споредба со учебната 2019/2020 година е зголемен за 4,5%. Оваа бројка не е максимумот кој треба да се постигне, верувам дека со секој нов ученик со инвалидност кој ќе се запише во училиште ги уриваме стереотипите дека истите не можат да постигнат нешто во животот, изјави Шаќири.

Осврнувајќи се на образованието на лицата со посебни образовни потреби, министерот потенцираше дека изминатата учебна година, МОН ангажираше 500 персонални асистенти за учениците со попреченост, а истовремено се вработени 49 специјални едукатори и рехабилитатори во основните редовни училишта и училиштата со ресурсни центри во насока на поддршка на учениците со попреченост и на наставниот кадар.

– За основните училишта со ресурсни центри, беа обезбедени средства за набавка на опрема и дидактички средства како поддршка на инклузивното образование. Во рамки на програмата „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, доделени се и 287 стипендии за деца со попреченост коишто се вклучени во редовното образование, за прво и второ одделение, се со цел да се поддржат семејства и учениците со основните материјали коишто им се потребни, додаде министерот.

Next Post

Бочварски: Ќе се гради трета лента на сите делови од Прилеп-Градско, а следен чекор е изградбата на автопатот Прилеп-Битола

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk