Во сите преговори секогаш нагласував дека е потребен седмиот пакет санкции на Европската унија што е можно поскоро. Русија мора да го почувствува растечкиот притисок за војна и за нејзината агресивна антиевропска политика, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.
„Денес беше ден на многу активна надворешнополитичка работа – речиси маратон од телефонски разговори. Го зголемуваме кругот на оние кои се „за“ кандидатурата за Украина и додаваме уверување дека одлуката во петок ќе биде позитивна.
Словачка. Во разговор со Премиерот Хегер ги координиравме нашите позиции во пресрет на седницата на Европскиот совет.
Литванија. Му се заблагодарив на Претседателот Наузеди за одлуката на Самитот Три мориња да ѝ се додели на Украина статус на партнер-учесник и исто така ги координиравме нашите чекори.
Унгарија. Имав многу плоден разговор со Премиерот Виктор Орбан. Го поканив да ја посети Украина и му се заблагодарив за важната поддршка на нашиот суверенитет и територијален интегритет на нашата држава. Се договоривме за развој на соработка во енергетскиот сектор.
Португалија. Се договоривме со Премиерот Антонио Коста да го искористиме искуството на неговата земја во нашето зближување со Европската унија.
Следно – Данска. Се заблагодарив за поддршката на Украина, вклучително и поддршката со оружје. Го истакнав исто така и говорот на г-ѓа Фредериксен во Врховната Рада на Украина, кој се одржа денес.
Шпанија. Во разговорот со Премиерот Санчез истакнав дека нашата соработка ќе ја зајакне и Украина и целата Европска унија. Се разговараше за можните резултати од самитот на НАТО во Мадрид, кој ќе се одржи кон крајот на јуни.
Ирска. Ја истакнав активната поддршка на Ирска за нашата европска интеграција и го поканив ирскиот Премиер Мартин да ја посети Украина.
Хрватска. Уверен сум дека можеме да ја прошириме нашата соработка и на билатерално ниво и на ниво на европските структури. Му се заблагодарив на Премиерот Пленковиќ за поддршката на Украина.
Мило ми беше што во Кијив го видов големиот пријател на нашата држава – Премиерот на Луксембург Бетел. И сакам уште еднаш да ви го свртам вниманието на помошта од Луксембург. 15% од буџетот за одбрана на оваа држава – ова беше придонес за одбраната на Украина. Веднаш се чувствува и големината и благородноста на државата.
Денес, г-дин Бетел ги посети градовите во Кијивската област кои беа ослободени од окупаторите. Благодарен сум му за неговото искрено разбирање за нашиот народ и за подготвеноста на Луксембург да учествува во повоената обнова на Украина.
Мојот распоред за утре е исто толку зафатен како денес. Ќе дадам се од себе за да се обезбеди усвојување на историската одлука на Европската унија. Ова е важно за нас.
Патем, денес без одлагање го потпишав законот за ратификација на Истанбулската конвенција донесен вчера. Заштитата на сите луѓе од насилство и дискриминација е наш принцип.
Во сите преговори секогаш нагласував дека е потребен седмиот пакет санкции на Европската унија што е можно поскоро. Русија мора да го почувствува растечкиот притисок за војна и за нејзината агресивна антиевропска политика. Уште една руска закана за Литванија, уште еден бран на енергетски притисок, уште една серија лаги од руските официјални лица за кризата со храната, сето тоа се аргументи за договор за седмиот пакет санкции.
Ситуацијата на првата борбена линија е без значителни промени. Украинската армија со помош на тактички движења ја зајакнува одбраната во Луганската област, што е навистина најтешко во моментов таму. Окупаторите вршат сериозен притисок и врз правецот на Доњецк. Во Харкивската област – брутално и цинично руско артилериско гранатирање. Нема да им дадат ништо на окупаторите, но руската армија е глува на секаква рационалност. Таа едноставно уништува, едноставно убива – на овој начин им покажува на нејзините командири дека наводно не стои во место. На југ ја браниме нашата Миколајивска област, нашиот Запорижја, постепено ја ослободуваме Херсонската област.
И исто како што активно се бориме за позитивна одлука на Европската унија за кандидатурата за Украина, секојдневно се бориме за набавка на модерно оружје за нашата земја. Ниеден ден не ја намалуваме нашат аактивност. Животите на илјадници луѓе директно зависат од брзината на нашите партнери – од брзината на тоа како тие ги спроведуваат своите одлуки за помош на Украина.
Денес потпишав два големи укази за доделување награди на нашите бранители. На барање на Врховниот командант на Вооружените Сили на Украина, наградени се 210 борци, од кои тројца постхумно. На барање на Министерот за внатрешни работи, државни награди добија 255 војници на Националната гарда на Украина, од кои 41 постхумно, 41 граничари, од кои 12 постхумно и 45 полицајци.
И сакам да сфатите дека кога зборувам за потпишување на такви укази, тоа не е само рутина и не е нешто механичко. Само благодарение на масовната храброст и мудрост на нашиот народ на бојното поле, Украина живее и навистина може да смета на победа.“