ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Жиофре: ЕУ не и поставува нови пречки на Србија, процесот на европска интеграција е јасен

June 22, 2022 10:58
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија Емануел Жиофре, во авторски текст за белградски Курир пишува дека ЕУ не и поставува нови пречки на Србија, но дека процесот на европска интеграција е јасен и се знае дека приоритетите се владеењето на правото, нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, клучните економски прашања и теми од животната средина.

„А Србија е таа што мора да работи во тие области“, напиша Жиофре пред собирот на лидерите од Западен Балкан во Брисел на 23 јуни, пренесува Бета.

Тој вели дека во преговорите за Кластерот три, кои почнаа пред шест месеци, критериумите не се промениле, а барањето за усогласување со надворешната политика на ЕУ било јасно од самиот почеток.

– Иако критериумите не се променети, едностраната и неиспровоцирана агресија на Русија против Украина го промени светот. Воената агресија на Русија предизвика хуманитарна криза и претставува закана за безбедноста на Европа и светот. Затоа ЕУ смета на Србија како нејзин близок партнер и земја-кандидидат која преговара за членство, во одговорот кон агресијата на Русија да се приклучи на ЕУ и голем број земји во светот, појаснува Жиофре.

Тој истакна дека новото време покажало дека зависноста од рускиот гас е опасна и дека никогаш не е добра идеја да се потпреме само на еден извор за стоки кои се од големо значење за граѓаните и економијата.

„Русија со своите постапки покажа дека не е доверлив партнер и дека е подготвена да ги користи гладот ​​и студот како оружје. ЕУ е решена да стави крај на својата енергетска зависност од Москва“, посочи тој.

„Сите овие прашања утре ќе бидат на дневен ред на Европскиот совет. Кандидатурата на земјите кои претендираат да станат членки и како на проширувањето кон Западен Балкан може да добие нов поттик. Во овој тежок контекст, кој може да биде и нова можност, Србија треба да донесе клучни одлуки“, напиша Жиофре./МИА/

Next Post

Тренчевска: Изградбата на градинките е согласно стандардите за лицата со попреченост, ги следиме меѓународните стандарди

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk