ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Соработката со граѓанските и меѓународните организации е клучна во создавањето на хуманитарен одговор во кризните состојби

June 23, 2022 12:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска денеска учествуваше на настан на кој беше презентирана компаративната анализа – „Предизвиците на КОВИД-19 во одговор на мигрантите и бегалците во Западен Балкан“, организиран од страна на граѓанската организација „Легис“, а со учество на меѓународниот и граѓанскиот сектор, информираатод Министерството за труд и социјална политика.Министерката Тренчевска истакна дека за Владата и Министерството за труд и социјална политика, грижата за ранливите категории на граѓани е приоритет. А како дел од ранливите категории се и бегалците и нивните семејства, кои поради настанати конфликти во својата земја, а со цел да се спасат себеси и своите семејства се принудени да ги напуштат своите домови  и да се упатат на безбедна локација.

„Со цел поддршка на овие лица, а во рамките на остварување на социо-економските права и пристапот до социјалните услуги, Министерството за труд и социјална политика обезбедува здравствено осигурување за лица со признаено право на азил, односно обезбедува здравствена заштита за лица баратели на право на азил сместени во рамки на прифатниот центар,“ рече Тренчевска.

Таа информираше дека, лицата-корисници на здравствено осигурување се изедначени со македонските државјани во остварување на правата од доменот на здравствена заштита и имаат идентичен пристап до сите здравствени мерки кои беа организирани конкретно поврзано со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Министерката ја истакна соработката со УНХЦР во обезбедувањето на дополнителни средства за помош во панедмијата за ранливите бегалски семејства кои престојуваа во нашата земја. Во исто време, во рамки на привремените транзитни центри, мигрантите кои привремено се сместува во Винојуг или Табановце имаат пристап до здравствени услуги преку проекти финансирани од Европска унија, а имплементирани од страна на Меѓународната организација за мигрции. Овие лица за време на пандемискиот период беа соодветно третирани во најблиските здравствени установи, и се водеше грижа за нивната здравствена состојба.

„Во Прифатно-транзитните центри, Министерството за труд и социјална политика преку теренските социјални работници обезбедува помош за ранливите мигранти, врши проценка на најдобар интерес, и организира упатување кон здравствениот систем или друг вид на поддршка зависно од конкретната социјална анамнеза.Освен пристапот до здравствени услуги и здравствена заштита, сите лица со признаено право на азил имаат пристап до правата и помош кои беа обезбедени за корисниците на ГМП во времето на пандемискиот период идентично како останатите државјани,“рече Тренчевска.

Покрај досега превземените мерки, генералниот став на Министерството за труд и социјална политика низ годините наназад се однесува на обезбедување инклузија и изедначен пристап до правата за лицата со признаено право на азил без притоа да се создаваат паралелни системи.

„Нашата цел е креирање инклузивно општество, каде лицата кои побараа засолниште во нашата земја имаат пристап до заштита со сите европски стандарди како и пристап до социо-економските права,рече Тренчевска.

Таа посочи дека соработката со хуманитарните и невладините организации е клучна во создавањето на хуманитарен одговор во кризните состојби, како и дека таа ќе  продолжи и понатаму.

Next Post

Зеленски: Да ја ослободиме нашата земја и да дојдеме до победа е наша национална цел, за чија реализација мора да работиме секој ден

НАЈНОВО

МИА

Даме Димитровски избран за претседател на Советот на Град Скопје

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт

November 7, 2025

Берлин го повика Пјонгјанг веднаш да ги запре незаконските ракетни тестови

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk