Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска (24.06.2022) во 12.20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода С.Љ.(27) од с.Грчец, скопско.
Тој бил баран со потерница за спроведување истрага и за него била определена мерка притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 3 од Кривичниот законик, пишува во соопштението.