ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Русија ги обвинува САД за литванската забрана за транзит на стока до Калининград

June 24, 2022 13:35
in ДЕНЕС, СВЕТ
фото: knowyourmeme.com

фото: knowyourmeme.com

Share on FacebookShare on Twitter

Руското Министерство за надворешни работи денеска ги обвини САД дека стојат зад забраната на Литванија за премин на стоки од Русија во нејзината ексклава Калининград, што ги зголеми и онака високите тензии меѓу Москва и Западот.

Таканаречениот „колективен Запад“, со експлицитни упатства на Белата куќа, воведе забрана за железнички транзит на широк спектар стоки низ провинцијата Калининград“, се наведува во денешното соопштение на руското Министерство за надворешни работи.

Се наведува дека овој потег е дел од моделот на „растечки непријателства од страна на САД против Русија“.

Литванија, членка на Европската унија, минатата сабота почна да го блокира транзитот на руска стока од листата на санкции на ЕУ, откако стапија на сила новите ограничувања.

Москва остро го критикуваше потегот, нарекувајќи го „блокада“ и вети строг одговор.

Официјален Вилнус вчера, преку претседателот Несауда, возврати дека е подготвен во случај Русија да ја исклучи Литванија од регионалната енергетска мрежа.

Руските власти проценија дека забраната ќе запре меѓу 30 и 50 отсто од стоковниот сообраќај, но тие, исто така, додадоа дека стоката може брзо да се пренасочи кон бродовите што минуваат низ Балтичкото Море.

Литванската премиерка Ингрида Симоните во средата кажа дека тврдењата на Русија за блокадата се неточни.Таа додаде дека патничкиот сообраќај продолжува непречено и дека стоката опфатена со забраната сочинува само еден процент од вкупниот руски товарен транзит до Калининград. /МИА/.

Next Post

Песков: Кандидатските статуси на Украина и Молдавија се внатрешна работа на Европа

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk