Полициските службеници од Гостивар вчера на улицата „Борче Јовановски“ го лишија од слобода гостиварецот Ј.Е. (30), за кого била распишана централна потерница, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопштија од МВР, за Ј.Е. била распишана потерница по претходно издадена наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, со која се барал за доиздржување на казна затвор.
Лицето е спроведено во КПУ Затвор Куманово за доиздржување на казната, пишува во соопштението.