Во Собранието на седницата на Комисијата за европски прашања се случи инцидентот кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ противејќи се на законските измени, дојдоа до претседателот на комисијата Арбер Адеми кој раководи со седницата.
По два часа задоволување на барањата за процедурални приговори, Адеми реши да го стави дневниот ред на гласање. Во еден момент пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, прво Дафина Стојаноска а потоа и Антонијо Милошоски и други пратеници од опозицијата, почнаа да му го корнат микрофонот на Адеми.
Тогаш почнаа фрлањата и дофрлањата.
Да се потсетиме на слично сценарио кога поранешниот премиер Никола Груевски кој побегна во Унгарија, удираше и истураше вода на опремата на претседателот на собранието, Талат Џафери.
Тие дури се туркаа со главите и се викаа на „ферка“ надвор од Собранието.
 
			

 




 
 
