ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пастрмката доцни со мрест, планинскиот бор пред исчезнување, климатските промени безмислосно удираат по биодиверзитетот

June 29, 2022 10:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Охридската пастрмка доцни со мрестот, планинскиот бор може да исчезне до 2100 година, а моликата на Пелистер се поместува на повисока надморска височина каде сега живеат други значајни растителни видови кои ќе исчезнат. Влијанието на климатските промени и пореметувањето на годишните времиња врз биодиверзитетот е огромно. Промените безмислосно се закануваат да опустошат голем број видови, од кои некои се многу ретки и значајни.

Бројноста на планинскиот бор, кој е распространет во субалпските и во алпските зони на планините Мокра и Шар Планина, значително ќе се намали до 2050 година и целосно ќе исчезне до 2100 година. Неколку години по ред научниците регистрираат промени и во однесувањето на охридската пастрмка во периодот на мрест, кој почнува подоцна од вообичаено. Задоцнетото полово созревање на овој ендемски вид риба кој со милениуми живее во Охридското Езеро, според експертите, се должи на глобалните климатски промени. Долната граница на моликата на Пелистер ќе се помести на повисока надморска височина, зафаќајќи дел од високопланинските пасишта и камењари, на кои сега се присутни значајни растителни видови и кои потенцијално ќе исчезнат.

Ова се само дел од примерите кои ги илустрираат последиците врз биодиверзитетот од менувањето на климата, што е пак директен резултат на човековите активности. Експертите се согласуваат дека веќе е „дванаесет и пет“ за спречување на климатските промени, но останува обврската кон идните генерации да овозможиме митигација и адаптација.

Според Ана Петровска, автор на истражувањето „Климатските промени и отпорот на природата“, во земјава шест од десетте најтопли години по 1951 година се случиле од 2007 до 2012 година, а топли бранови се забележани речиси секоја година од 1987 година до денес. Како последица на ова, голем број на видови не можат да се адаптираат доволно брзо на повисоките температури, зачестените суши, пожарите, бурите и ветроломите.

„Сегашната стапка на исчезнување на видовите насекаде во светот веќе е сто пати повисока од таа во прединдустриската ера. Промените се должат на изменување на периодите на репродукција, миграцијата и дистрибуцијата на видовите, појавите на болести и пренамножувања на некои видови. Исчезнувањето на некој вид неизбежно ги изложува на ризик и останатите видови. Губењето на биолошката разновидност ќе ги забрза и промените во климата“, вели Петровска.

Анализите на Управата за хидрометеоролошки работи велат дека највисоките вредности на летните температури се забележани во 2003, 2017, 2019, а како најекстремни се издвојуваат 2012 и 2007 година. Во последната декада, од 2011 до 2020 година е забележана најголема промена на годишниот број на мразни, ледени, летни денови, тропски ноќи и топлотни бранови во однос на просечните вредности, а во јужниот и југоисточниот дел на државата забележано е зголемување на вкупното траење на топлите периоди за повеќе од еден месец.

„Според анализите, земјава во иднина ќе се соочи со потопла и посушна клима. Ќе се зголемуваат топлите екстремни настани, а ќе се намалуваат ладните, ќе зачестат топлотните бранови и ќе се зголемат тропските ноќи. Потоплата клима воедно ќе услови и зголемување на должината на вегетацискиот период кај растенијата“, посочуваат од УХМР.

Намалувањето на летните врнежи ќе го зголеми ризикот од суша, а од друга страна, се очекува потенцијално зголемување на дневните екстремни врнежи што ќе предизвикаат поголем ризик од буични поплави.

Со сите овие промени, според истражувањето на Петровска, во најризична положба во планинските појаси се ставени мразовецот, македонската кандилка, дегеновото лутиче, шарпланинската качунка, пелистерската качунка и алпските врби. На Пелистер, пак, со поместување на моликата на повисока надморска височина, зафаќајќи дел од високопланинските пасишта и камењари, ќе бидат изгубени природните станишта за планинската гуштерица, шарката, водната трепетливка, снежното врапче, карполазачката, шареногушестата завирачка, жолтоклуната галка, црвеноклуната галка, планинската чучулига, дивокозата и други. Во низините, пак, најзагрозени видови се емовата мајчина душичка, наталиевата и српската рамонда, венерината коса, балканската езерска и луковата жаба и малиот мрморец.

Голем проблем во С. Македонија, според Петровска, е што нема систематски истражувања кои ќе одговорат на прашањата како климатските промени влијаат на биолошката разновидност, но и како да го намалиме тоа влијание.

„Спроведените студии за оцена на ранливоста на биолошката разновидност и шумарството во Македонија не се базираат на теренски анализи и долготраен систематски мониторинг, ниту се користени современи алатки за далечинско сензорирање или други софтвери во рамките на Географските информациски системи. Досегашниот мониторинг воглавно се реализира како дел од проектни активности што се спроведени со помош на донации“, вели Петровска.

Извор: МЕТА

Next Post

Бројот на починати мигранти, пронајдени во камионот во Тексас, се зголеми на 51

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk