НАТО останува единствен, суштински и неопходен трансатлантски форум за консултации, координации и акција за сите прашања кои се поврзани со нашата индивидуална и колективна безбедност, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.
„Стратегискиот концепт на НАТО треба да ги даде насоките за идните задачи на Алијансата. Потребно е да испратиме силна порака за нашето заедништво како сојузници во овие времиња на нестабилност и зајакнување на авторитаризмот.
Поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамки на нејзините меѓународно признати граници. Продолжуваме со помошта за Украина и солидарноста со нашите сојузници од Источното крило.
НАТО останува единствен, суштински и неопходен трансатлантски форум за консултации, координации и акција за сите прашања кои се поврзани со нашата индивидуална и колективна безбедност“, пишува во објавата.