ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

September 16, 2025 07:31
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот „Онкологија 2“ за несовено работење и финансиски криминал против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, треба да продолжи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор на минатото рочиште рече дека поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, не постапувале во интерес на јавната установа и на пациентите, туку во свој личен интерес и во интерес на приватни компании, и со своите дејствија ја злоупотребиле и поткопале довербата во здравствениот систем и јавниот интерес.

Гоговска Јакимовска, пред Судот, нагласи дека Клиниката за онкологија е специјализирана за третман на најтешките пациенти со малигни болести каде обвинетите не ги прикажувале реалните медицински потреби и не ја следеле процедурата за јавни набавки под изговор дека постапувале во интерес на пациентите на кој начин ги извршувале кривичните дела.

-Обвинителството ќе докаже дека со незаконски јавни набавки на лекови, без согласност на ФЗО и со злоупотреба на службената положба обвинетите предизвикале штета на Буџетот од над 2,2 милијарди денари. Со злоупотреба на системот на реверси, без правна основа довеле во заблуда државни институции и овозможиле противправна корист за повеќе фармацевтски компании. На тој начин ФЗО бил доведен во заблуда дека се работи за законски обврски, изјави Гоговска Јакимовска.

Обвинетите Васев и Нухи на минатото рочиште негираа вина за делата кои им се ставаат на товар. Одбраната, тврди дека обвинението против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети од Васев.

Првообвинетиот Никола Васев, пред Судот рече дека не се чувствува виновен, дека цел живот 35 години работа на Онкологија и целта секогаш му била да се спасат човечки животи.

-Јас сум директор од 2017 година и имам наследено реверс од директор што јас го имам сменето и кој е потписник на вештачењето против мене во овој случај, а второто економско вештачење е потпишано од втората економска директорка што е разрешена на мое барање поради финансиски злоупотреби. Во обвинението одземени се шест месеци од мојот мандат каде може да се види што точно сум наследил, и како е намален долгот од 35 милиони на 30 илјади.  Сакам да се види како успеавме наследените долгови и недостиг на лекови да го решиме со земање наводни реверси, за тоа да ни се земе како наводно сме направиле штета, изјави Васев.

Нехат Нухи, пред Судот рече дека се чувствувам невин и истото ќе го докаже во постапката.

-Се чувствувам невин и тоа ќе го докажам. Мојата невиност ќе произлезе како од материјалните така и вербалните докази кои ги предлагаме и изведеме, пред се економското материјално вештачење од кое на сите ќе им стане јасно колку пропусти има направено Обвинителството и зошто сите рокови го пробија и нивните Вештачења се неточни, изјави Нухи.

Кривичниот суд во јуни годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра.

Покрај ова, против Васев и тројца лекари онколози се води уште еден случај Онкологија 1 за несовесно лекување пациенти. Васев и двајца обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, пред Судот негираа вина, додека второобвинетата Мери Пешевска призна вина, по што Судот ја раздвои постапка против неа и ќе треба да продолжи на 17 септември. 

Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Трамп тврди дека не бил однапред информиран за израелскиот напад врз Катар

Shortcut

Најново

Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk