ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска на НАТО самитот: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата

June 29, 2022 15:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Петровска, денеска во рамки на Самитот на НАТО кој се одржува во Мадрид беше дел од панел дискусијата: „Придонесот на НАТО за безбедноста и стабилноста во неговото соседството“ и на оваа тема дебатираше заедно со министрите за одбрана на Португалија и Бугарија, Хелена Кареирас и Драгомир Заков и Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, информираат од Министерството за одбрана.

Министерката Петровска во своето обраќање нагласи дека  овој самит на НАТО е одлична можност да се испрати порака за единство на демократските земји во одбрана на демократијата и нејзините вредности и да се брани меѓународниот поредок врз основа на правила.

За време на панелот министерката Петровска дискутираше за зајакнувањето на долгорочното одвраќање и одбрана на НАТО, а во ера на стратешки натпревар, истакна дека партнерството на НАТО и ЕУ е од суштинско значење за безбедноста и просперитетот на евроатлантската област при што политичкиот дијалог меѓу двете организации останува од суштинско значење за продлабочување на оваа соработка.

Осврнувајќи се на значењето на регионот на Западен Балкан, Петровска потенцираше дека овој регион е важен дел за европската безбедносна архитектура како и дека на стабилноста не смее да се гледа како на еднаш засекогаш воспоставен факт.

Петровска додаде дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со сè поголемите надворешни влијанија, како што се хибридните закани, сајбер нападите, информациските манипулативни кампањи кои придонесуваат за подгревање на национализмот.

„Западен Балкан е многу важен дел за европската безбедност и затоа потребно е НАТО заедно со ЕУ и останатите партнери да продолжиме на зајакнување на одбранбените системи, да ги вложиме сите напори за забрзување на реформите, и да се изнајдат иновативни решенија за надминување на отворените прашања за целосна евроатлантска интеграција на Регионот. Сега повеќе од било кога Евро – атлантската и ЕУ интеграцијата на регионот потребно е да се гледаат како алатка за подобрување на безбедноста, а со самата интеграција директно ќе се придонесе и кон спречување на надворешни хибридни влијанија“, потенцира Петровска.

Министерката Петровска додаде дека Република Северна Македонија иако од пред две години е членка на Алијансата, од самиот почеток на мисијата КФОР активно придонесува за одржување на мирот и стабилноста во Косово, но и во Босна и Херцеговина, затоа што стабилноста на Регионот е основен предуслов за развој.

На крајот Петровска рече дека овие дискусии ќе дадат силен придонес за изнаоѓање соодветни механизми во справувањето со современите закани и предизвици, но и дека истите ќе придонесат за соодветна и брза адаптација на Алијансата за следната декада.

Next Post

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk