Во село Грчец, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода С.О.(20) од село Грчец, во чиј дом при претрес извршен по претходно добиена судска наредба од Основен Кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени кеса со кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, С.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок./МИА/