ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Ковачевски: Предвремени избори не треба да има за да се заштитат националните интереси и економската стабилност

June 29, 2022 15:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, е на седница за пратенички прашања во Парламентот, информираат владините служби.

Тој порача дека граѓаните и државата имаат одговорна Влада, којашто се грижи за националните интереси, стратешките цели и за економските потреби на граѓаните.

„Предвремени парламентарни избори не треба да има. Ние во моментов имаме Влада којашто се грижи за националните интереси и за достоинството на сите граѓани, без разлика на тоа од која етничка, верска и национална припадност доаѓаат. Тоа се случи и во изминатиот период, кога националните интереси на Република Северна Македонија, согласно одлуките и резолуциите донесени тука во Собранието, беа застапувани од страна на сите челнови на Владата, без разлика на тоа дали се Македонци, Албанци Турци, или од која било друга национална припадност. И тоа се потврди мината недела кога на принципиелен начин ние ги искажавме нашите ставови пред сите наши параметри во ЕУ и пошироко“, посочи премиерот Ковачевски.

Тој направи споредба со однесувањето на опозицијата, што го оцени како неодговорно.

„На конгресот на европските народни партии беше донесена резолуција во којашто се вградени барањата во однос на негирање на националниот и историскиот континуитет на Македонците и на таа резолуција присуствуваше делегација на нависоко ниво од ВМРО-ДПМНЕ.

Никаде не видовме прес-конференција на спротивставување, тоа ќе остане запаметено“, рече премиерот Ковачевски.

Тој порача дека „лесно е некој да брани национални интереси тука, дома, но, кога треба да се бранат национални интереси пред 27 земји, тогаш на некого тоа му е тешко, а некој тоа мора да го направи како што јас, претседателот на државата, коалициските партнери и граѓаните на државата тоа го направивме, без разлика на својата припадност – се борат за својот национален, етнички верски идентитет и континуитет. На еден секогаш му припаѓа честа тоа да го брани и пред други, овојпат тоа на мене ми припадна како чест и сум горд што сите заедно застанавме и го кажавме тоа што требаше да го кажеме, не навредувајќи никого ниту дома ниту надвор“, дополни премиерот Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Next Post

Шведска најави дека зголемувањето на бројот на екстрадиции ќе зависи од информациите добиени од Турција

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk