Секогаш кога темата правда е на дневен ред огромна е нервозата кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Погледнете како пратеници и пратенички од ВМРО-ДПМНЕ недолично се однесуваат, влечат микрофони, викаат, грабаат документи од рацете на други пратенички. По налог на Мицкоски создаваат тензии и провоцираат инциденти во Собранието за да обранат криминалци. Едноставно е, криминалот не може да се одбрани, секој што го прекшил законот ќе одговара, велат од СДСМ на социјалните мрежи.