ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка

July 1, 2022 15:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во оваа фаза ние се уште ги разгледуваме документите во пакет, така како што се предложени и откако сите документи ќе бидат разгледни, ќе се согласиме или нема да се согласиме, зависно од исходот, но доколку се согласиме на овој пакет, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури, одговори вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција на новинарски прашања каква е процедурата за усвојувањето на преговарачката рамка кај нас во домашните институции и во кој дел од овој предлог имаме гаранција дека ова се последните барања од Софија.

Се она што е во преговарачката рамка, нагласи тој, е во најголем дел нешто што е вообичаено во процесот на преговори, а деталите, најави, ќе ги објаснат веднаш по завршувањето на прес – конференцијата.

Она што е битно до првата Меѓувладина конференција, истакна вицепремиерот, е дека преговарачкиот процес го води Владата, а за Европската комисија и државите членки од ЕУ најважно е Владата да ја прифати преговарачката рамка и да започне со преговори.

Во моментот кога ние ќе се согласиме со преговарачката рамка и сите останати држави членки на ЕУ, рече Маричиќ, ќе биде свикана првата Меѓувладина конференција на која ќе се разговара понатаму за наредните чекори и за официјалното усвојување на преговарачката рамка бидејќи тоа е многу важен документ што ги утврдува правилата и основите на преговорите со ЕУ и практично претставува основа за понатамошно драфтирање или креирање на договорот за наше пристапување кон ЕУ.

– Во рамки на овој документ, така како што е предложен, не постои, не е ставен протоколот што значи дека е исполнето нашето очекување да ги немаме историските прашања, кои би го оптовариле овој процес, потврди вицепремиерот Маричиќ.

Во однос на прашањето дали и кога може некој да не блокира, тој посочи дека досега го имаме искуството во регионот, а Европската Комисија уште во 2009 година ги воведе добрососедските односи како еден од постојаните критериумите во воведниот политички дел на критериумите и сите оние договори што се наоѓаат таму како услов за нивно исполнување без навлегување во детали.

Во нашата рамка уште при првиот предлог во 2020 година што не беше усвоен, истакна Маричиќ, беа ставени и договорот од Преспа и договорот со Бугарија и тоа, според него, не е ништо невообичаено. Го посочи случајот со Србија и со Косово, кои имаат цело посебно поглавје, а тоа во нашиот случај го нема.

– Ние имаме гаранција тоа што сме го прифатиле и ратификувале во нашето Собрание ќе го исполниме, ништо повеќе од тоа. Другите прашања ќе ги решаваме во билатерален формат со Бугарија. Секако дека било која држава членка на ЕУ, во било кој момент од процесот доколку одлучи може да блокира. Тоа се покажало на други држави повеќепати, но ние имаме гаранција дека имаме напишано на хартија сите наредни чекори и сите формати и механизми на решавање на разликите. Тоа ни е гаранција дкеа нема да може своеволно било која држава, во случајот и Бугарија да се повикува на ветото доколку ние си ги исполнуваме обврските и преговараме така како што ни е одредено во преговарачката рамка, појасни вицепремиерот Бојан Маричиќ. /МИА/.

Next Post

Се зголемува бројот на позитивни на Ковид-19, денеска регистрирани 193 нови случаи

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk