Денеска, ( 01.07) во Софија, Република Бугарија во Министерството за внатрешни работи , министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски со придружна делегација ќе присуствуваат на билатерална средба со министерот за внатрешни работи Бојко Рашков.
Потоа, и двете официјални делегации ќе имаат можност да ги проследат заедничките вежбовни активности на специјалните единици од двете Министерства за внатрешни работи.