ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Повредена суета, тој смртен грев, или класна војна меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ

July 5, 2022 13:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Левица на овие протести е партија која води руски проект на пропаганда, лаги и манипулации, а во себе има празна македонска сувереност. Тоа е антинато партија која се противи на Европските интеграции.

Димитар Апасиев, формално „македонист“, а суштински руска струја во земјата. Пред два дена изјави дека Македонија треба да размислува за други сојузи, како на пример, Евроазија, а тоа не може да значи ништо друго освен во сојуз со злосторничкиот Кремљ.

ВМРО-ДПМНЕ е во слична позиција. Испразнети, дезориентирани и без смисла за државата и нацијата, а во тоа немам сомнеж, ќе се обидат повторно – искористувајќи го каналот на бес и фрустрација наталожен од пропаганди, лаги и спинови, да го повторат 27-ми април 2017 година. Дали тоа ќе биде денес, утре, во деновите кои следат, тоа е отворено прашање.

„Францускиот предлог“ е само идеален повод за такво сценарио. Не ги интересира нив јазик, идентитет, ниту ги интересира Европската интеграција. Тоа барем го видовме сосема јасно на вчерашниот протест.

Нема тука друга подлабока суштина и смисла. Идејата е чисто рушење на Владата на Ковачевски, рушење на секој договорот што се направи до сега, и во конечноста – рушење и на договорот од Преспа.

Идејата е поништување на сè она добро што беше изминативе пет години. И тука сакам да бидам крајно отворен: идејата на овие луѓе кои се спремни да рушат е: избегнување на одговорност.

Да не се реши ниеден проблем, да не се реши ниедно прашање со соседите, да се остане сам, изолиран и навреден дека ние сме биле жртва на сите. Тоа самооплакување од позиција на „жртва“ е најголемата кукавичка политика во поновата историја на современите македонци. Тоа е болест која ја негуваат овие политички партии од ултраконзервативниот блок со години; тие сакаа да си удоволат себе така што ќе газат други. Идеално поле за апокалипса. Во нивниот ум вирее оваа теза: „Кога ќе го рушиме Ковачевски, ќе има празен простор, а тој простор ќе го пополниме ние“. Па, да, многу јасно.

Само што со тоа повторно нема ништо да се реши, а граѓаните ги очекуваат многу реални проблеми: недостаток од енергенси, месечни режии, исплата на кредити, долга и студена зима. Не, за тоа нема збор. Тоа не е тема, денес на тема е рушење на Владата на Ковачевски.

Сакам да го поддржам Ковачевски, Маричиќ, Бујар Османи и останатите. Да истраат. Да бидат силни и храбри. Северна Македонија со „Францускиот предлог“ е на добар пат. Европски пат. На патот на човечност, на патот на пријателство, на патот кон Европската Унија.

И тоа е единствена мисија која е важна. Надевајќи се дека ќе превладее разум во опозиционите партии, а пред се мислам на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Освен, ако, „Францускиот предлог“ не е патерица за нивна меѓусебна борба, а Владата да им биде само параван за нивните „толчења“ и џилитења како млади „паори“ околу меѓата?

Го оставам отворено и ова прашање. Не ја исклучувам и „класната војна“ меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ, познавајќи го Апасиев колку е дрчен за власт, желен за курчење и мавање од земја дека е откачен „револуционер“. Добро, повеќе е откачен отколку што е револуционер.

Повредена суета, тој најголем политички смртен грев, е опасна работа во политиката, драги пријатели. Од тоа поголемо слепило нема.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk