Вечерва протестен марш против францускиот предлог од Владата, преку МНР до Собранието. Дел од демонстрантите ја урнаа заштитната ограда и фрлаат димни бомби и камења кон Собранието, jaвува МИА.
Претходно, демонстрантите пред Министерството за надворешни работи запалија факели, а фрлаа и со јајца кон зградата.
На протестот се бараат оставки, а некои од демонстрантите фрлаат петарди, јајца и шишиња кон институциите.