Русија во понеделникот соопшти дека нема „да испраќа убави зборови“ за да го одбележи Денот на независноста во Соединетите Американски Држави, пренесува Voice of America.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека честитките „едвај може да се сметаат за соодветни“ и ги наведе, како што рече, „непријателските политики“ на Соединетите држави.
САД се спротивставија на руската војна во Украина, испраќајќи оружје и помагајќи во обуката на украинските сили, а истовремено ги предводат напорите за воведување санкции против Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе празникот на претходните американски лидери, вклучувајќи ги и поранешните претседатели Доналд Трамп и Барак Обама.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот на Твитер ја испрати својата желба за „мир и просперитет“ на американскиот претседател Џо Бајден и на американскиот народ.
„Ја ценам лидерската помош на СAД во одбраната на Украина и на заедничките вредности – слободата, демократијата и независноста“, напиша Зеленски.
Обработка: И. Т. З.
Извор: VOA NEWS