ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Бекатонската свињарија никогаш нема да биде Шарена револуција

July 9, 2022 19:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Лазар Попов се прашува како е можно сите што беа во врхушката на вмро да се в затвор или во бегство, а вмро сѐ уште да слови како политичка партија.

Попов смета дека крадењето на толку многу јавни пари колку што испокрадоа војводите на четничката дружина, е директен напад врз татковината.

Или, во најмала рака, врз нејзиниот браник.

И дека тоа ги прави непријатели на татковината.

Се согласувам, господине, со сите точки, од доле кон горе, значи, прво, вмро-дпмне се непријатели на татковината и, второ, со крадењето на толку јавни пари, но не само со тоа, вмро-дпмне се во перманентен напад врз татковината и нејзиниот браник.

Е, сега, како е можно сите што беа во врхушката на партијата да се в затвор или во егзил, да имаат кривични пријави и судски постапки, а вмро сѐ уште да е политичка партија, е малку потешко прашање.

Зашто, не само што сѐ уште се политичка партија, туку тие се и фактор кој го диктира општествениот дискурс и моралната ориентираност и капацитираност на општеството, на нацијата и на луѓето, водејќи ги во правец на апсолутна загубеност во времето и во просторот.

Во Аеродром би рекле: У курац!

Го диктира конфликтот и неговите реперкусии, ја обликува алтернативата и му ја нуди на народот на тацна.

Како је то могуќе?

Сашо ќе оди затвор, Груевски е со две пресуди и е во бегство, Миле барал дел од казните да ги служи во задгробниот живот, Гордана е затвор, Чафков-затвор, Панчески-затвор, Превара-затвор, двајца агенти се во бегство… Антоњо е на слобода само поради процедурални бравури, некои секретари, потпретседатели и министри се слободни затоа што се отвориле за соработка со обвинителството и се покајале, Жмицко не е в затвор само поради критериумите на партискополитичките и кобајаги или реално, безбедносните опортунитети, Миленко поради тоа што земјата е плоча, па не може да стигне до „Идризово“, Стоките кои беа во првите линии на крвавиот пуч не се в затвор само поради милоста на државата…

Со други зборови, од сто вморонски војводи, невин е само коњот на началникот.

Тоа значи дека работите се движат, институциите, со сите слабости, функциинираат, еве, им го конфискуваа и имотот, а вчера три години затвор и 36 милиони евра глоба, доби до скоро најмоќниот човек  на партијата, Сашо Мијалков.

Тоа значи дека во клучниот аспект, идеалите на Шарената револуција се остваруваат.

Не во идеалните проекции, бидејќи ние, впрочем, како и Америка или Франција, не сме идеално општество, но со оглед на сѐ, во задоволителен опсег.

Во правна смисла, главата на Злото, на злосторничката вморонска аждаја, е отсечена.

Злото е декапитирано.

Телото, меѓутоа му прета.

И не само што прета, туку забележува дека како резултат на биофизиололошките процеси во текот на ноќта, од задникот му израснала нова глава.

Целиот е збунет и исплашен, не знае која е неговата вистинска глава, отсечената или таа што му израснала на задникот.

Но, нацијата оди по последните исероци на Злото, ја следи нивната смрдеа и како куче оди по блокади и митинзи, во верба дека во таа смрдеа ќе го пронајде спасот од Европа и од Бугарија, море од целиот свет, демек дека двоглавиот аждер, викан уште и вмро-дпмне, е сефот во кој може на сигурно да го остави на чување идентитетот.

Идентитетот, еј!

Тоа покажува дека социјалниот инженеринг, што со години се спроведува преку комплетна контрола на медиумите, односно преку секојдневното и континуирано, без прекин, сеење на очај, безизлез, хаос, паника, омраза, со невидени лаги и манипулации, му го испокршија вредносниот компас на Македонецот и му го измија мозокот.

На голем број Македонци.

Кои тие хендикепи денеска ги изразуваат на неколку теми.

Прво, нивното разбирање на темата за идентитетот е крајно фолклорно и, јас би рекол, примитивно. Битово, гусларско, зурлаџиско, гајдаџиско, во политичка смисла исклучиво е инструментално, таа тема е функција на други теми и битки, каква што е битката за власт, да речеме.

Македонецот, со други зборови, не е во состојба да води политичка битка за идентитетот, зашто не ја знае политичката димензија на тоа што го вика идентитет.

Говорам за учесниците во бекатонската револуција.

Второ, Македонецот не ја познава реалноста на контекстот во кој сака да ја води битката за тоа што не го знае како политички феномен. Регионалниот контекст, европскиот, светскиот, не го знае и одбива да го осознае дури и внатрешниот контекст, па парадира со паролата за мртвите Шиптари, без да знае дека на секој мртов Шиптар автоматски ќе се умртват илјада или, дури, десет илјади Македонци, односно не знае дека Шиптарот е основата на неговото постоење.

Трето, трагикомичен е неговиот избор на субјект кој ќе го води во борбата. Тој избор покажува дека секоја бугаризација или мавританизација, се подобри од нивниот избор на најстрашното зло кое никогаш не пропуштило ниту една секунда да преземе антимакедонски акти, дури и кога сере. Од горниот отвор.

Конечно, во идејна смисла вмро никогаш не била македонска појава и структура, туку феномен на тие против кои се крева на протести народот за да го зачува идентитетот.

Неговиот фаворит е сржта на проблемот со идентитетот.

Четврто, надежта дека некој договор, конгрес или друг настан или документ, конечно, за сите времиња ќе го реши македонското прашање по мерка на Македонците или стравот дека на такво ниво и со такви акти, можат да го заебат, се фатални фатализми на кои подлегнуваат неконсолидираните нации.

На крајот, протестите за заштита на идентитетот се прилично позерски.

Бекатонската свињарија никогаш нема да биде Шарена револуција.

Може, евентуално, да биде црвена.

Од крв.

Францускиот предлог е фантастична понуда, не само во врска со евроинтеграциите, туку и во врска со идентитетот, ако на него гледаме така како што треба да гледа секоја нормална и културна нација, преку богатството на развојот, преку динамиката на животот, преку квалитетот на културните интеракции, преку промените кои обезбедуваат прилагодливост, односно акомодација на промените во околината, говориме, значи, за идентитет кој не останува во мевот туку излегува од гајдата и се разлева во просторот и го облагородува.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk