ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Стапува во сила Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

July 12, 2022 10:00
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска стапува во сила Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, што Собранието го усвои на 71-вата седница одржана на 27 јуни 2022 година.

Со новиот Закон во однос на уписите во регистарот на вистински сопственици предвидени се промени на роковите за упис, субјектите кои се обврзани да извршат упис во рамки на истиот, како и нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите.

Согласно новиот текст на ЗСППФТ, соопштија денеска од Централниот регистар, законскиот рок за внесување на податоците за вистинските сопственици е 15 дена од уписот на деловниот субјект во трговскиот регистар и во регистарот на други правни лица односно 15 дена од промената на податоците за вистинскиот сопственик.

– Покрај останатото, како субјекти кои се обврзани да извршат упис на вистинскиот сопственик во регистарот со новото законско решение опфатени се и правните субјекти чиишто акции котираат на организиран пазар на хартии од вредност за кои е предвиден рок од три месеци за извршување на оваа обврска од денот на влегувањето во сила на овој закон, се појаснува во соопштението.

Новиот текст на законот предвидува и нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите. Фондациите и со постојните прописите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, се подвлекува, имаа обврска да запишат вистински сопственик во регистарот на вистински сопственици.

Со оглед на воведената промена, истите потребно е проверат: дали имаат внесено податоци за вистински сопственик во регистарот на вистински сопственици и дали внесените податоци за вистински сопственик се во согласност со новата дефиниција од ЗСППФТ.

– Доколку фондациите утврдат дека е потребно да се усогласат со новите законски одредби, потребно е податоците за вистински сопственик да ги внесат (променат) во регистарот на вистински сопственици во рок од 15 дена, започнувајќи од 12.07.2022 година. Доколку промената единствено се однесува на усогласување со новата законска дефиниција, како датум на индикатор во пријавата се внесува датумот на поднесување на пријавата, се подвлекува во соопштението од Централен регистар на Република Северна Македонија. /MИА/

Next Post

Продолжува потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

November 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk