Владата денеска, според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција, на 30 јуни 2022 година, информираат од Кабинетот на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.
Документите се доставени до сите пратеници, пишува во соопштението.