ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јан Коп: За Европа е добро Северна Македонија да биде членка на ЕУ

July 13, 2022 13:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интересите на Холандија во Северна Македонија се многу едноставни. Сакаме просперитет и стабилност и затоа не гледаме алтернатива за Северна Македонија освен ЕУ и НАТО. Треба да бидете во НАТО и треба да бидете во ЕУ. Тоа е добро за Северна Македонија, тоа е добро за Холандија и тоа е добро за Европа, изјави денеска во Скопје холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп.

Влегувањето во ЕУ, посочи Јан Коп, е процес базиран на заслуги, но не се работи само за едноставно заокружување на она што е постигнато, туку и да се дејствува и да се спроведуваат реформи.

– На крај единствено Северна Македонија може да биде господар на својата судбина. Ова е во голема мера национална одлука на Северна Македонија и единствено нешто што можам да кажам е добре дојдовте во Европа, бидејќи во агендата на ЕУ и сите важни прашања, како што е Брегзит, буџетот, климатските промени, бегалците и проширувањето, ние секогаш креираме неубави компромиси. На крајот никој не е среќен, но секој добар компромис е баланс на задоволството од двете страни, изјави денеска Јан Коп, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за промоција на кампањата „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“.

Според Јан Коп, овој компромис „нема да победи на натпревар по убавина“, но дефинитивно ќе не однесе во ЕУ. Бугарија, посочи тој, сега го кочи почетокот на преговорите и тоа е проблем, но тоа што сакаме да го постигнеме е крајот на преговорите, кога земјава ќе стане членка на ЕУ.

–  Јас сум оптимист дека ова ќе се случи, бидејќи на крајот ова треба да биде добро владеена земја со два милиони луѓе. Па што е проблемот, спроведете ги работите и направете реформи, бидејќи на крајот самото тоа ќе ве стави во одлична преговарачка позиција во преговорите во следните години, како и во однос на Бугарија, изјави Јан Коп.

Чувство за оптимизам, според него, треба да биде тоа што Северна Македонија може да напредува многу брзо во многу поглавја од преговорите.

– Само еден пример. Кога преговорите ќе дојдат до поглавјето за тарифи и царина, земјата ќе ги помине речиси веднаш. Побрзо од очекуваното и има многу области во преговорите со ЕУ каде Северна Македонија е најдобриот ученик, споредено со останатите земји од Западен Балкан и тоа треба да биде извор на оптимизам, а не Бугарија, изјави Јан Коп.

Во однос на можноста Бугарија да го блокира секој чекор на земјава во преговорите, амбасадорот посочи дека според него, единствена важна работа за оваа земја е дека ги почнува преговорите.

– Политиката на Унијата е дека билатералните прашања треба да бидат решени меѓу самите земји и нема простор за нив во преговарачкиот процес. Ние ќе го следиме тоа и Комисијата кажа дека ќе го следи тоа. Затоа, ако можеме да добиеме некој вид на компромис сега меѓу вас и Бугарија, тоа ја отвора вратата, и да бидам искрен јас сум многу повеќе заинтересиран за крајот на преговорите, отколку за почетокот, бидејќи само крајот на преговорите, кога ќе ги исполните условите за членство ќе ве направат член на семејството, со исти права како и Бугарија. Дали во теорија една земја може да го блокира овој процес до самиот крај – да. Секое ново поглавје е нова политичка одлука, за што е потребен консензус од сите земји членки. Но, да речеме дека во теорија, за пет до седум години откако сте во процесот, се уште има проблем, вие ќе станете Швајцарија. Колку лошо е тоа, појасни  Јан Коп.

Во однос на намалената доверба на луѓето во ЕУ, холандскиот амбасадор вели дека не е толку голем проблем, колку што е ниската доверба во институциите на државата.

– Довербата во ЕУ сега е намалена на 70 до 68 проценти, но довербата на луѓето во сопствените институции е околу десет проценти. Тоа е проблем, изјави Јан Коп./МИА/

Next Post

Амнестираниот Богдан Илиевски со пцовки и клетви кон пратеници и политичари

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk