ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Комисија за култура на СДСМ: Срамна партизација, хаос и културна деградација во режија на ВМРО-ДПМНЕ

February 2, 2026 21:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за култура на СДСМ реагираше на прес-конференцијата на министерот за култура и туризам Зоран Љутков, оценувајќи дека наместо отчет пред јавноста, таа претставувала „доказ за целосна неспособност, нетранспарентност и брутална партизација на културата“.

„Прес-конференцијата, одржана во Медија-центарот на Владата, наместо отчет, се претвори во уште еден доказ за целосната неспособност, нетранспарентност и брутална партизација на културата под власта на ДПМНЕ“, соопшти Комисијата за култура на СДСМ.

Од партијата наведуваат дека јавноста не добила ниту јасни критериуми, ниту финансиски податоци, ниту образложенија за резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес за 2026 година.

„Наместо суштински информации, министерот понуди конфузна и празна презентација. Аплаузот на крајот беше партиски перформанс, а не институционален отчет“, реагираат од СДСМ.

Комисијата укажува дека реакциите од културната јавност се масовни и оправдани.

„Уметници, писатели, издавачи и културни работници реагираат поради селективната и понижувачка распределба на средствата. Во издавачката дејност повторно се одбиваат автори со децениско творештво, меѓународни награди и преводи низ светот, без никакво стручно образложение“, се наведува во соопштението.

Се поставува, како што велат, сериозно прашање за воведување на „црни листи“ во културата.

„Се поставува легитимното прашање дали ДПМНЕ воведува ‘неподобни’ автори и црни листи во македонската култура“, реагира СДСМ.

Особено загрижувачки, според партијата, е составот на комисиите за избор.

„Комисиите, кои треба да гарантираат стручност и независност, очигледно се составени од партиски полтрони и лојални кадри на ДПМНЕ, а не од релевантни професионалци. Таквите комисии не носат стручни одлуки, туку политички пресуди“, наведуваат од Комисијата за култура.

Како најскандалозен момент, СДСМ го посочува начинот на објавување на резултатите.

„Министерот јавно ги објави резултатите од конкурсите на интернет, додека поединечните решенија сè уште не се доставени до апликантите преку системот uslugi.gov.mk, како што налага законот. Со ова е направено сериозно прекршување на постапката“, се вели во соопштението.

Според СДСМ, ваквата состојба ги лишува апликантите од правото на жалба и приговор и претставува основ за оспорување на целиот конкурс.

Партијата укажува и на доцнењето на резултатите за Националните установи од културата, како и на состојбата во музејската дејност.

„Од околу 500 апликации во музејската дејност, одобрени се само 80 проекти, без јавно објаснување по кои критериуми, со какви оценки и со каква стручна аргументација. Ова не е културна политика, туку институционален хаос“, оценуваат од СДСМ.

Критики се упатени и за т.н. делегиран буџет.

„Таканаречениот ‘делегиран буџет’ е спротивен на Законот за култура и претставува опасен механизам за директна политичка контрола и клиентелизам“, наведуваат од Комисијата.

На крајот, СДСМ испрати јасна порака и побара конкретни чекори.

„Културата не е партиски плен. Бараме итно поништување на спорните постапки, целосно објавување на сите резултати, доставување на решенијата до апликантите согласно законот, објавување на составот на комисиите и политичка одговорност од министерот Зоран Љутков“, соопшти Комисијата за култура на СДСМ.

„Ова не е реформа. Ова е срамна партизација, правен хаос и културна деградација во режија на ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата.

Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков на вчерашната прес-конференција соопштувајќи ги резултатите што пристигнале преку електронскиот систем за аплицирање на годишните конкурси за проекти од културата за 2026 година, истакна дека пристигнале  2618 пријави и нагласи дека овој број на пристигнати апликации го потврдува интересот и довербата во системот.

-Се работи за проекти кои ќе ја збогатат културната понуда, ќе отворат простор за нови креативни изрази и ќе придонесат за меѓународната афирмација на македонската култура. Интересот што и оваа година го покажуваат уметниците и културните организации за годишните конкурси е јасна потврда дека нашата културна сцена е динамична, иновативна и подготвена за создавање. Годишната програма за проекти од културата во 2026 е суштински чекор напред и доказ дека културата не ја гледаме како трошок туку како стратегиска инвестиција во нашиот национален идентитет, во креативниот потенцијал на луѓето и во иднината на целото општество, истакна Љутков на прес-конференција во Владата.

Процесот на селекција, рече, се одвивал врз основа на јасно дефинирани критериуми, однапред дефинирани приоритети и од стручни комисии составени од компетентни лица од соодветни области.

Соопшти дека се зголемени  средствата во повеќе дејности, при што се внимавало на квалитетот, квантитетот и рамномерниот развој на културата. Посебно внимание е посветено на современо творештво, меѓународната соработка и креативните индустрии, области кои, како што рече,  не само што носат културна вредност туку и значаен економски потенцијал.

Ј. Ѓ.

Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анаис – 3 февруари 2026

EVN

НАЈНОВО

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис – 14 и 15 февруари

February 14, 2026
генерирано со ВИ

Макрон: Наскоро ќе бидат познати деталите од разговорите со Германија за нуклеарното оружје

February 13, 2026
Фото: Скриншот

Вучиќ од Минхен: Србија е сериозно загрозена од воената соработка меѓу Косово, Хрватска и Албанија

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk