Овде сум денес зошто верувам дека ова е моментот да продолжиме со заедничка иднина. Покажавте смелост и одлучност, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во обраќањето во Македонското собрание.
Тоа го постигнавте и со договорот од Преспа, а тоа ви го отвори патот кон НАТО, чија членка сте денеска. Покажавте витален капацитет. Вие сте успешен пример за мутиетничко општество. Направите и работевте многу. Знам дека истото е се случи кога ќе станете членка на Европската Унија, рече Лајен.
„Европската комисија секогаш била и ќе биде на ваша страна. Толкувањето на историјата не е услов на пристапни преговори. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик, повторувам НЕМА СОМНЕЖ, рече Лајен, по што доби громогласен аплауз од владеачкото мнозинство.
Тоа стои и во ревидираниот француски предлог…., рече Лајен пред пратениците.
Предлогот, нагласи Фон дер Лајен, го почитува исто така и вашиот национален идентитет.
„Принципот на самоидентификација е особено важен за секој од нас. Може да сметате на мене како претседател на ЕК дека ќе осигурам процесот за пристапување строго да ги почитува европските принципи и стандарди. Дозволете да ве уверам уште еднаш. Билатералните прашања како што е толкувањето на историјата не се услов во пристапните преговори. Размислете колку упорно се обидувавме да стигнеме до овде преку последователни претседателства Германија, Португалија, Словенија и сега Франција. Ве охрабрувам да ја искористите оваа можност, рече таа.
За заедничка европска иднина, Лајен повика пратениците да гласаат за ревидираниот француски предлог, која додаде, сепак „изборот е ваш“.
Лајен рече дека со првата меѓувладина конференција, која треба да се одржи и следната недела, ако Северна Македонија го прифати францускиот предлог „конкретните преговори и процесот на скрининг ќе започнат веднаш“.
„Со почетокот на пристапните преговори со ЕУ, во најкраток можен рок, ќе започне и потпишувањето на билатералните договори меѓу Северна Македонија и ЕУ на македонски јазик и на другите официјални јазици на Унијата“, рече претседателката на ЕК.
Претеникот на Левица, Димитар Апасиев свиреше со свирче додека фон дер Лајен зборуваше и остави транспарент на кој пишува „НЕ“ на говорницата додека зборуваше претседателката на ЕК.
Пратениците од опозицијата држеа транспаренти на кои е испишано „НЕ“.
И. Т. З.