ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Тајната служба на САД избришала пораки поврзани со нападот на Капитол

July 15, 2022 19:50
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Владин ревизор ја обвини тајната служба на САД (УССС) дека избришала пораки датирани од 5. и 6 јануари 2021, откако равизорот ги побарал окако дел од истрагата за нападот на американскиот Капитол, јави денеска Вашингтон пост. 

Повикувајќи се на писмо испратено до законодавците неделава од Џозеф Куфари, раководител во Одделот на генералниот инспектор во Министерството за внатрешна безбедност (ДХЛ), весникот пишува дека пораките исчезнале и дека со тоа се правеле пречки во истрагата за 6 јануари 2021 година. 

– Од одделот не информираа дека многу пораки на тајната служба на САД од 5. и 6 јануари 2021 година биле избришани како дел од програма на замена на апарати, напишал Куфари во писмото, пренесува весникот. 

Тој истакнал дека бришењето се случило откако генералниот инспектор побарал копии од пораките за својата истрага за 6 јануари и сигнализирал на случаи кога од ДХС не одговарале на негови распрашувања. 

Со ова, се вели во изјавата, се прават задршки во добивањето податоци и се создава забуна дали некои од овие податоци всушност воопшто се направени, а со тоа се поткопува истрагата за случувањата од 6 јануари 2021 година.  

Како што јави дописникот на МИА од вашингтон, пораките испраќани тогаш од тајната служба можат да дадат увид во акциите на агенцијата и најверојатно за тоа што правел поранешниот претседател ДоналдТрамп на денот на упадот во Капитолот.  

Поранешна официјална службеничка на Белата Куќа во сослушувањата пред комисијата на Претставничкиот дом, што започнаа во јуни, а која ги истражува настаните, рече дека Трамп знаел дека неговите поддржуваче се вооружени, и сакал да ја води толпата да влезе во Капитол. Таа исто така изјави дека поранешниот претседател физички нападнал долгогодишен агент во тајната служба кој му кажал дека не треба да го прави тоа. /MИA/

Next Post

(ВИДЕО) Тензично во Собранието, Апасиев и Костовски во близок контакт

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk