Коалицијата е цврста и таа ќе опстои до редовните парламентарни избори во 2024 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која се донесе одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство.
Тој, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече оти е горд што немаше ниту еден глас „против“ во Собранието.
Во однос на членовите на коалицијата, според Ковачевски секој има право да го изрази своето слободно уверување по однос на секоја точка која се предлага во коалицијата. /MИА/