ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хрватска му забрани на Вучиќ да го посети Јасеновац, остри реакции во Србија

July 17, 2022 11:14
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ планирал денеска приватно да ги посети Јасеновац и Пакрац, но хрватските власти нема да му дозволат да влезе во земјата, пишува Јутарњи лист повикувајќи се на извори блиски до хрватската влада, јави дописникот на МИА од Белград.

Премиерката Ана Брнабиќ одлуката на хрватската Влада да му забрани на српскиот претседател приватна посета на поранешниот концентрационен логор од Втората светска војна Јасеновац, ја оцени како скандал од прва класа кој се случил во современата историја на односите меѓу Србија и Хрватска.

-Тоа е исто како да му забраните на претседателот на Израел да го посети Аушвиц. Тоа е антиевропска и антицивилизациска одлука и брутално газење на слободата на движење. Да не анализираме колку тоа кажува за непочитувањето на српските жртви, изјави Брнабиќ во гостувањето на ТВ Пинк.

Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, најави дека од денеска сите функционери на хрватската држава, сите носители на службени или дипломатски пасоши ќе треба посебно да ја најават и објаснат својата посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен контролен режим.

Како што е најавено, Вучиќ за ова ќе зборува утре по консултациите во врска со новата влада, а министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ најави итна прес-конференција.

Како што пишува денеска Јутарњи лист, повикувајќи се на извори од хрватската влада, Вучиќ без официјална најава од хрватските власти и без координација со амбасадата сакал да ја премине границата од Босна и Херцеговина, односно нејзиниот ентитет Република Српска и околу 11 часот да пристигне во Јасеновац, а потоа околу 14 часот и во Пакрац.

Од хрватската влада неофицијално изјавиле дека Вучиќ не почитувал никаков протокол, дека сакал се да направи надвор од процедурите и правилата на дипломатските односи и дека „со своите ТВ екипи“ сакал да ја премине хрватската граница и таму „да прави што сака“.

Меѓутоа, според Јутарњи лист, властите во Загреб јасно му рекле „не“ и му порачале дека идејата за „српски свет“ во Хрватска нема да помине.

Next Post

Членовите на екипажот на авионот што падна во Грција се украински државјани

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хари Стајлс ги руши рекордите на Тејлор Свифт и Колдплеј: 12 концерти на Вембли во една година

January 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Ким Кардашијан откри зошто ги избришала фотографиите со Меган и Хари и зошто повеќе не се дружи со Ларса Пипен

January 29, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk